Кафе и чоколадо? Комбинација која има позитивни ефекти врз здравјето, но и една несакана последица

Фото: Unsplash
216

Доколку сте чувствителни на киселини, треба да бидете внимателни со консумацијата на кафе и чоколадо. Но, постои комбинација која е далеку помалку ризична.

Комбинацијата на чоколадо и кафе може да има различни ефекти врз здравјето, во зависност од количината и видот на консумираните намирици, како и од индивидуалните карактеристики на организмот.

Кафето содржи кофеин, стимуланс кој може да ја подобри концентрацијата и будноста. Во комбинација со чоколадото, кое содржи и кофеин и други стимуланси, може да се постигне дополнително подобрување на концентрацијата.

Исто така, кофеинот може да го зголеми нивото на енергија, но оваа придобивка може да биде краткотрајна и може да доведе до чувство на замор откако дејството на кофеинот ќе помине.

Понатаму, многу чоколади содржат големи количини шеќер, што може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и зголемен ризик од дијабетес и други здравствени проблеми.

Од друга страна, темното чоколадо и кафето содржат антиоксиданти кои можат да помогнат во борбата против оксидативниот стрес во телото. Сепак, треба да внимавате на количината што ја консумирате поради високата содржина на кофеин.

Зголемен ризик од киселини
Кафето во комбинација со чоколадо, како и со алкохол, помага да се олабави долниот езофагеален сфинктер на хранопроводникот, што резултира со киселина, печење и враќање на стомачната содржина во хранопроводникот. И не само тоа, со текот на времето може да доведе до воспаление на хранопроводникот!

Затоа, доколку сте чувствителни на киселини, треба да бидете внимателни со консумацијата на кафе и чоколадо. Но, постои комбинација која е далеку помалку ризична.

Еспресото е поконцентриран пијалак, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, но препорачливо е секогаш да испиете чаша вода неколку минути откако ќе го испиете еспресото.

Општо земено, лекарите предупредуваат дека претераното консумирање кафе негативно влијае на здравјето, пред се на срцевиот мускул, бидејќи по овој напиток се зголемува пулсот. Експертите забележуваат дека една или две шолји кафе на ден нема да имаат негативен ефект.

Затоа, како и другите намирници, чоколадото и кафето треба да се консумираат умерено и да се внимава на количините на шеќер и други состојки. Умереното консумирање може да биде корисно за здравјето, но прекумерното консумирање секако може да доведе до негативни ефекти.