За силни коски и намалување на стресот и притисокот: Краставиците се идеална храна за пролет и лето

Фото: Unsplash
298

При спомнувањето на краставиците, веројатно коските не ви се прва асоцијација, но верувале или не и за нив се супер. Тоа е зеленчук богат со витамин К, кој ја поддржува густината на коските и не штити од скршеници. Витаминот К овозможува подобра распределба на калциум во телото и игра важна улога во превенцијата од остеопороза.

Како и при секоја друга промена на годишните времиња, така содржината на фрижидерот се менува и со доаѓањето на потоплото време. Сега – на почетокот на мај, кога сме на средината на пролетта – треба да ја замениме тешката храна со полесна која содржи висок процент на вода.

Краставиците дефинитивно се една од тие намирници, а освен што се исклучително вкусни, тие се и многу здрави. Се разбира, станува збор за свежи краставици.

Претпоставуваме дека најчесто ги јадете во салата, но треба да стекнете навика да ги јадете и сами за себе, па дури и како ужина.

Водата со краставица е исто така исклучително популарна, па сега е идеално време да ја пробате.

Она што е исклучително добро кај нив е фактот што се нискокалорични и одлични за организмот.

Хидратизирање

Знаеме дека е исклучително важно внесувањето на доволно количество течност во организмот во текот на денот, а тоа особено се однесува на потоплите денови кои се поблиску до нас. Внесувањето течности не мора секогаш да биде во форма на пијалаци. Краставиците содржат дури 97% вода, што ги прави совршени за хидратација на телото.

Зајакнување на коските

При спомнувањето на краставиците, веројатно коските не ви се прва асоцијација, но верувале или не и за нив се супер. Тоа е зеленчук богат со витамин К, кој ја поддржува густината на коските и не штити од скршеници. Витаминот К овозможува подобра распределба на калциум во телото и игра важна улога во превенцијата од остеопороза.

Чистење на организмот

Јадењето краставици помага да се исчистат цревата. Ензимот ерепсин ги разградува протеините и на тој начин го подобрува варењето, особено на месото. Покрај тоа, краставиците се ефикасни и за природно намалување на високиот крвен притисок.

Намалување на стресот

Кога сте нервозни, полни со грижи и стресот ви е на високо ниво – јадете краставица. Имено, станува збор за зеленчук богат со витамин Б, кој му помага на телото да го ослободи стресот на природен начин.

Корисна билка
Краставицата (Cucumis sativus) е растение кое потекнува од Индија и се одгледува низ целиот свет поради вкусните и хранливи плодови. Може да порасне и до 2-3 метри во височина. Плодовите на краставицата се обично долгнавести или тркалезни и можат да бидат со различни големини и бои, во зависност од сортата.

Тие се исклучително сиромашни со калории и богати со вода, влакна и хранливи материи, како што се витамин К, витамин Ц, магнезиум и калиум. Често се користат во салати и други јадења, а може да се конзумираат свежи или конзервирани.

Покрај тоа, краставиците имаат многу здравствени придобивки. Тие можат да помогнат во хидратацијата на телото, да го подобрат варењето, да го намалат воспалението и да ги ублажат симптомите на артритис. Некои студии покажаа дека краставиците имаат потенцијални антиоксидантни својства, што значи дека можат да помогнат во борбата против слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетување на клетките во телото.

Во козметичката индустрија, краставиците често се користат во производите за нега на кожата поради нивните смирувачки и навлажнувачки ефекти. Тие се користат и за намалување на темните кругови и отоци околу очите.