Како да ги одберете најдобрите тиквички: Наместо поголеми, одбирајте поцврсти и помлади

Фото: Pexels
75

Како да ги изберете највкусните и најквалитетните тиквички? Ако обично ги бирате најголемите, тогаш престанете да го правите тоа, бидејќи најголемите не се и најдобрите

Сезоната на тиквички е во полн ек!

Поради нивниот неутрален вкус и податлива текстура, тиквичките се одличен избор за подготовка

на различни солени и слатки јадења.

Во 100 грама тиквички има само 17 калории, што е уште една причина зошто толку многу ги сакаме.

Покрај одличниот вкус, тиквичките се и многу здрави. Иако содржат дури 94% вода, тие имаат

пристоен список на витамини и минерали во нивниот состав.

Дознајте подолу како да ги изберете оние со највисок квалитет и највкусните …

Сезоната на тиквички трае од јуни до август, а обично ги има на нашите пазари уште во мај. При

купувањето тиквички обрнете внимание на неколку работи.

Сјајна и чиста кора

Секогаш бирајте ги оние со цврста, речиси сјајна кора.

Избегнувајте тиквички кои имаат оштетена кожа или дамки.

Исто така, обрнете внимание на звукот; ако ја чукнете тиквичката, звукот не треба да биде „шуплив“

– ова обично е знак на стара тиквичка.

Тиквичките треба да бидат цврсти на допир. Оние кои се меки, најверојатно, се одамна скинати и

полека се распаѓаат.

Големина

Големината на тиквичките е исто така важен критериум при изборот.

Иако тиквичките доаѓаат во сите големини, не ги избирајте најголемите – тие обично се берат

премногу доцна и најверојатно ќе имаат мека текстура слична на стиропор одвнатре.

Највкусни ќе бидат младите тиквички, мала или средна големина со тенка кожа и нежна пулпа.

Свежите тиквички се идеални за подготовка на разни салати, а ако одлучите сепак да ги обработите

термички, внимавајте да не ги преварите.

Чување

Тиквичките мора да ги чувате во фрижидер, најдобро разделени во хартиени кеси.

Пред да ги ставите во фрижидер, не ги мијте и избегнувајте пластични кеси, за да не се акумулира

влага и да не почнат брзо да скапуваат.

Тие можат да останат во фрижидер до една недела.

Ако имате вишок тиквички што нема да можете да ги изедете, можете да ги замрзнете на парчиња

или да ги исечете на коцки или стапчиња. Кој метод и да го изберете, измијте го и исушете го

зеленчукот темелно пред замрзнување.