Како да го намалите притисокот за 10 секунди

Фото: Unsplash
750

Започнете го денот со јогурт, а додадете му и чешне лук, бидејќи оваа комбинација се покажала како најефикасна за природно намалување на крвниот притисок.

Кога ќе почувствувате дека вашиот крвен притисок е премногу висок со сите симптоми што добро ги знаете ако тоа често ви се случува, можете да направите нешто што ќе ви помогне во моментот.

Ако ве мачи висок крвен притисок, мора да ги промените навиките во исхраната со тоа што прво ќе го намалите внесот на сол и масти и ќе го зголемите внесот на вода. Покрај веќе познатите совети кои ќе го спречат појавувањето на овој „тивок убиец“, ќе ви помогнат овие „паметни“ и здрави намирници за намалување на крвниот притисок.

Храна за намалување на крвниот притисок

Цимет

Неколку студии потврдија дека систолниот (горниот) и дијастолниот (долниот) притисок кај возрасните го намалува добро познатиот миризлив зачин – циметот. Додавањето на половина лажица цимет дневно во вашата исхрана ќе помогне да се контролира високиот крвен притисок.

За моментален ефект, цицајте помела малку цимет во прав и голтнете го. Циметот може да се комбинира во разни чаеви и пијалаци, а можете да го ставите и во јогурт и да го поросите врз овошна салата.

 

Лук

Оваа здрава намирница речиси веднаш го намалува крвниот притисок. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги шири, со што крвта полесно циркулира и на тој начин го намалува притисокот.

Трикот е да јадете сиров лук со леб или да го исечкате во салата или друго јадење за моментален ефект и моментално намалување на притисокот. Најдобрата опција е да го јадете сам, да земете чешне и да го изџвакате само, без ништо и дејството веднаш ќе се забележи.

Јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат на здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, а додадете му и чешне лук, бидејќи оваа комбинација се покажала како најефикасна за природно намалување на крвниот притисок.

Банана и висок притисок

Ова овошје е еден од најдобрите природни извори на калиум, кој помага во одржување на здрави нивоа на крвен притисок и промовира нормална работа на срцето. Научниците откриле дека секојдневното консумирање банани може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40 проценти.

 

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи флавоноиди кои ги прават крвните садови поеластични, а фактот дека нивното консумирање го намалува крвниот притисок е докажан во голем број студии. Почестете се со околу 15 грама темно чоколадо дневно со најмалку 70 проценти какао.

 

Напиток за висок притисок

Потребни состојки се:

 

1 лажичка цимет

2 лажици јаболков оцет

1 лажица мед

2 супени лажици сок од лимон

чаша вода

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Напитокот пијте го секое утро на празен стомак, а можете да го консумирате секој ден во текот на 3 месеци. Секогаш е подобро да подготвите свеж напиток.