Како компирите побрзо да се сварат? Доволна е само една лажица од оваа состојка

Фото: Unsplash
10.285

Постои едноставен трик кој ќе ви помогне побрзо да ги сварите компирите, но и да бидат повкусни

Компирите се зеленчук кој можете да го подготвите на различни начини, а можете да го послужите како прилог со секое јадење. Не постои човек кој ќе одбие помфрит, печен компир, пире или полнети компири… Со него можете да направите и јадења како мусака, овчарска пита… Подготовката на компири воопшто не е комплицирана, а дополнителен плус е тоа што не чини многу. Но, колку и да се едноставни за подготовка, секогаш постојат трикови кои можат да го подобрат нивниот вкус, ама и да ја забрзаат подготовката.

Дали знаете што треба да додадете во водата во која се варат компирите за побрзо да зоврие и побрзо да бида готови?

Во тенџерето ставете вода и на самиот почеток додадете една лажица масло или путер, па дури тогаш компирот и водата побрзо ќе зовријат и со тоа ќе го забрзате процесот на готвење. Исто така, компирот ќе има подобар вкус.