За што е добра пченката и каде грешиме кога ја вариме?

Фото: Pexels
1.169

Пченката, како храна богата со антиоксиданти, фолна киселина, инхибитори на протеаза и бројни фитохемикалии, може да се смета за борец против карциноми и вируси, и затоа треба да го заземе своето место на менито на современиот човек. Но, кога ја варите, варете ја заедно со пченкарната свила

Пченката е многу распространета намирница која се консумира и како зеленчук или пак се меле во брашно од кое се прави вкусен пченкарен леб. Исто така, позната е и палентата, традиционално јадење од пченка кое е составен дел од старите медитерански менија, а своето место го наоѓа и денес како додаток за рибјите и месни специјалитети.

Пченката е нутритивно вредна намирница која не го оптоварува организмот со вишок калории, бидејќи еден клас пченка со просечна големина содржи 80 до 100 калории. Свежа и слатка, пченката е богата со јаглени хидрати и малку маснотии и затоа е извор на брзо достапна енергија.

На пченката ѝ недостасуваат две есенцијални аминокиселини – лизин и триптофан. Затоа е добро да се комбинира со мешунките во исхраната, затоа што на овој начин најдобро се задоволуваат потребите за протеини. Пченката е многу добар извор на тиамин (витамин Б1) и е добар извор на многу други витамини и минерали, вклучувајќи витамин Б5, фолна киселина, ниацин, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум. Богатството на диетални влакна ја прави оваа намирница особено вредна.

Природен лек за повеќе работи

Пченката е природен лек за повеќе работи, меѓу кои за намалување на холестеролот, како превенција за рак на дебелото црево, има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта, таа е добар извор на енергија, помага при проблеми со желудникот и дигестивниот систем, ја подобрува функцијата на дебелото црево.

Пченката, како храна богата со антиоксиданти, фолна киселина, инхибитори на протеаза и бројни фитохемикалии, може да се смета за борец против карциноми и вируси, и затоа треба да го заземе своето место на менито на современиот човек. Поради феруличната киселина која влијае на антиоксидативната активност, пченката има антикарциногени својства.

Сепак, кога ја обработуваме термички варејќи ја во вода, повеќето од нас ја правиме истата грешка. Ја вадиме пченкарната свила од кочаните.

Еве неколку причини поради кои заедно со пченката треба да ја изедеме и пченкарната свила:

Спречува настанување камења во бубрезите

Делува како природен диуретик и поттикнува исфрлање на вишокот течност од организмот

Го снижува нивото на шеќер и холестерол во крвта

Богата е со калиум кој поттикнува згрутчување на крвта.

Ако не можете да ја јадете пченката заедно со свилата, консумирајте ја пченкарната свила посебно. Одвојте ја од пченката и проварете ја во малку вода. Исцедете ја и кога ќе се олади испијте ја течноста како чај.

Напомена: Чајот од пченкарна свила не им се препорачува на трудници затоа што може да дојде до прерани контракции.