Како лесно да се ослободите од лошиот здив од лукот? Еве што треба да направите после јадење…

Фото: Unsplash
339

За да не го избегнувате лукот поради неговиот непријатен мирис, имаме решение.

Ако се плашите од грип или настинка, заедно со чај, мед и лимон, задолжително јадете лук.

Ќе го зајакне имунитетот, а поради неговите антибактериски, антивирусни, антигабични, антипаразитски и антиоксидантни својства, ќе ги држи инфекциите далеку од вас.

Студиите исто така потврдуваат дека лукот може да послужи како одлична превенција од многу видови на рак.

Тоа добро го знаат нашите мајки и баби, кои често посегнуваа по овој природен лек, но со една непријатна нуспојава – непријатниот мирис на лукот се задржува со часови после јадењето.

За да не го избегнувате лукот поради неговиот непријатен мирис, имаме решение.

Причината поради која силниот мирис на лукот се задржува толку долго после јадење е затоа што сулфурните соединенија од лукот се ослободуваат во крвотокот за време на варењето на храната. Затоа, освежувачките средства за плакнење на устата нема да помогнат кога се обидувате да го камуфлирате препознатливиот мирис на лукот.
Но, некои видови храна ќе помогнат.

Истражувачите тврдат дека треба да јадете јаболка, зелена салата, цикорија, целер, компири, магдонос, нане, босилек или печурки бидејќи овие намирници содржат феноли, соединенија кои ќе реагираат во хемиска реакција со сулфурот од лукот и така ќе го неутрализираат силниот мирис.

Ова е докажано со масен спектрометар, уред кој ги анализира молекулите врз основа на нивната маса, а по конзумирањето на гореспоменатите намирници, нивото на сулфур било значително помало во здивот на волонтерите.

Најмногу феноли има во нането, но научниците биле изненадени и од тоа како листот од зелена салата, кој има значително помалку феноли, ефикасно го потиснува мирисот на лукот.