Кељ или тиква? Денешниот ден е како создаден за добро, густо вариво

Фото: Pexels
77

Во дождлив ден најдобро ќе ве загрее доброто, густо вариво, а ние имаме рецепт кој ќе направи и оние што мислат дека не сакаат варива, конечно да сфатат колку се добри.

Варивата се подготвуваат од сезонски или од замрзнат зеленчук, а одлични се оние со тиква и кељ, кои лесно се подготвуваат и со задоволство им се навраќаме. Затоа, престанете да размислувате што би можеле да подготвите за ручек или вечера денес и послушајте ги нашите совети. Денот и онака е идеален за вариво што добро ќе ве загрее.

Можеби не е толку популарен кај нас, но кељот е вариво на кое ние многу сакаме да се навраќаме, а дополнителен плус е тоа што е прилично едноставно за подготовка.

Кромид, моркови, компири, кељ и доволно динстање, а ако јадете месо, одлично е како прилог со колбаси.

Состојки за варивото:

1 главица кељ

2 моркови

5 чешниња лук

2 главици кромид

3 мали компири

магдонос

маслиново масло

По желба, оние кои сакаат можат да додадат и 100 грама сланина

сол и бибер

Подготовка:

Ставете го маслото во голем сад. Додадете сечкан кромид, лук, морков (и сланина) и сè зачинете со сол и бибер. Оставете да крчка додека зеленчукот не омекне. Потоа додадете главица кељ исечкана на поголеми парчиња. Истурете вода за да ги покрие сите зеленчуци и кељот.

Додадете компири исечени на коцки. Додадете дополнително сол и бибер.

Гответе на средна топлина додека не омекнат компирите, изблендирајте го и вратете го за да добиете погуста чорба.

Во случај да сакате да пробате нешто малку поинаку, кремаста чорба со тиква и леќа би била добра идеја.

Вариво со батернат тиква и леќа

Батернат тиквата е навистина посебна, мека и слатка, речиси кремава кога се готви. Во овој период од годината ѝ е сезона и може да трае со месеци на суво и ладно место.

Состојки:

Една батернат тиква
Еден кромид
Две чешниња лук
Маслиново масло
Црвена пиперка
Чаша кафеава леќа
Мали пелати
Два компира

Приготвување:

Измијте ја и натопете ја леќата. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Исечете ги кромидот и лукот и пржете ги на малку маслиново масло додека кромидот не стане проucирен. Додадете лажица црвен пипер и продолжете да пржите уште една минута или две. Потоа додадете излупени домати и две чаши вода. Кога сè ќе зоврие, додадете ги компирите.

Варете ја леќата во вода околу дваесет минути. Кога е готово, исцедете ја и оставете ја настрана.

Сега е добро време да ја излупите тиквата. Исечете ја по должина и со лажица извадете ги семките. Исечете коцки со големина на залак. Кога компирот ќе дојде до фаза кога ќе можете да го изгмечите, додадете ја тиквата.

На тиквите им требаат околу дваесет минути. Кон крајот на готвењето, додадете ги леќата, солта, црниот пипер и, ако сакате поретко вариво, додадете уште вода.