Кељот е зелен еликсир за срцето, очите, крвта и коските

Фото: Pexels
125

Кељот се смета за одличен избор на храна кога станува збор за заштита од срцеви заболувања, макуларна дегенерација, а воедно најдобро го чисти организмот од штетните материи.

Кељот е зеленчук од истата фамилија како зелката, карфиолот, брокулата. Тој е одличен извор на витамини, особено во зимските месеци. Се верува дека со своите ефекти, кељот може да спречи појава на некои од најтешките болести. Тој е добар чувар на здравјето, но кога болеста веќе ќе настане, треба да се користи умерено и под надзор на стручни лица. Особено ако земате лекови против згрутчување или имате проблем со тироидната жлезда.

Богат е со влакна, минерали и витамини
Кељот е зеленчук кој со векови се одгледува во Европа, а во Америка дошол со колонисти од Европа во 16 век. Тој е богат извор на минерали и витамини, нискокалоричен – една порција кељ има околу 42 калории, 106 грама вода и 1,4 грама масти. Има многу влакна, протеини, витамини А, Ц, К, а богат е и со калциум и магнезиум.

Храна за здраво срце
Поради сето горенаведено, кељот се смета за одличен избор на храна кога станува збор за заштита од срцеви заболувања. Се тврди дека калиумот во кељот може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Студијата на 12.000 возрасни лица покажаla дека оние кои консумираат 4.069 мг калиум секој ден, имаат 37 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести. Меѓутоа, за да внесете 4.000 мг калиум само преку кељот и да ги добиете здравствените придобивки, ќе треба да јадете околу 15 порции варен кељ секој ден, што е нереално. Вистинскиот избор е освен со кељ, да ги зголемите изворите на калиум и од друга храна, на пример, банани, грав, цвекло, блитва.

Заштита од рак
Кељот содржи потенцијални својства за борба против ракот. Овој зеленчук, и други од семејството на зелки, содржат глукозинолати, природни сулфурни соединенија кои му даваат малку горчлив вкус. Овие соединенија се разградуваат за време на варењето и формираат активни соединенија – индол и изотиоцијанат, кои помагаат во детоксикација на телото. Се верува дека тие можат да спречат појава на рак, со тоа што имаат антиинфламаторно дејство и ги штитат ДНК клетките од оштетување. Витаминот Ц влијае и на намалување на воспалителните процеси, го зајакнува имунолошкиот систем, се бори против оксидативниот стрес и на тој начин штити од рак, грип или настинка.

Зелен еликсир за очи, крв, коски
Кељот содржи витамини како лутеин и зеаксантин, кои придонесуваат за здрави клетки на очите и помагаат да се намали ризикот од макуларна дегенерација поврзана со возраста. Овој зелен лиснат зеленчук исто така може да помогне и при процесот на згрутчување на крвта. Витаминот К во кељот исто така ја подобрува густината на коските и го намалува ризикот од фрактури.

Помага при слабеење
Кељот има малку калории и многу вода, па затоа е одлична храна за слабеење. Содржи и влакна кои обезбедуваат чувство на ситост и го спречуваат прејадувањето. Овој зеленчук не само што обезбедува адекватна тежина, туку влијае и на убавината на кожата. Витаминот А (ретинол) е неопходен за здрав раст на клетките, а недостатокот на витамин А често предизвикува сува кожа и акни.

Контролор на шеќер кај дијабетес тип 2
Манганот е минерал во трагови присутен во кељот. Се смета дека овој минерал им помага на луѓето со дијабетес тип 2 да одржуваат здрави нивоа на шеќер во крвта. Дури се верува дека недостатокот на манган може да влијае на појавата на дијабетес.

Кељ или спанаќ?
Доколку сте некој кој претпочита спанаќ наместо кељ, добрата вест е дека и двата градинарски зеленчуци може да имаат многу позитивно влијание врз здравјето. Можете да додадете малку од едното или другото во чинијата или да ги користите наизменично. И кељот и спанаќот се одлични извори на витамин А, растителни влакна и протеини, кои сепак ги има повеќе во спанаќот. Една порција варен спанаќ има околу 5,3 г протеини, а кељот има 3,5 г протеини. Затоа, кељот има малку повеќе влакна, 4,7 г, а спанаќот 4,3 г. Разликата во калории е занемарлива, спанаќот има 41 калорија во една порција, а кељот има 42.

Кога треба да го користите кељот со претпазливост?
Овој зеленчук има многу предности, но во случај на некои здравствени состојби – се препорачува умерена употреба. Кељот е извор на витамин К, кој влијае на здраво згрутчување на крвта, така што луѓето кои земаат лекови против згрутчување мора да се консултираат со експерт за дозволените количини на кељ. Премногу од овој зеленчук може негативно да влијае на ефикасноста на лековите. Почестата употреба на кељ може да влијае на зголемување на тироидната жлезда. Кељот содржи тиоцијанат, а во големи дози оваа супстанца може да предизвика дефицит на јод, кој е важен за здравото функционирање на тироидната жлезда.