Кинеска терапија со мраз: Ублажете разни тегоби со обична коцка мраз

Фото: Pixabay
211

Ледената терапија може да ви помогне и при состојби како хипертензија или хипотензија, кај нарушувања на тироидната жлезда, но и за да ги намалите непријатните симптоми на ПМС, да ја ублажите главоболката, да ги намалите воспалителните процеси кај ревматоидниот артритис…

Дали имате повремени главоболки?

Можеби страдате од ПМС и несоница?

Дали имате нарушувања на тироидната жлезда и чувствувате пад на енергијата?

Споменатите тегоби, но и многу други, можете да ги ублажите со ставање на обична коцка мраз на вратот.

Ова не е никаква новост во лекувањето, туку е составен дел од древната кинеска медицина, поточно, акупунктурата и акупресурата.

Според традиционалната кинеска медицина, постои точка наречена „фенг фу“ или „засолниште за ветер“ на вратот, поточно на шуплината каде што главата се спојува со вратот.

Со нејзината стимулација можете да делувате на разни заболувања и здравствени проблеми што го користат и многу терапевти во својата работа.

Оваа точка се наоѓа во корените на цервикалните нерви C1 и C2, кои се одговорни за контрола на снабдувањето со крв на повеќето органи во телото, вклучувајќи го симпатичкиот нервен систем, очите, главата и хипофизата, кои, меѓу другите работи, го контролира и функционирањето на тироидната жлезда.

Покрај тоа што помага при ПМС, главоболки и стрес, оваа терапија е добар избор дури и ако имате вишок целулит или пак сте склони кон чести настинки.

Кинезите веруваат дека терапијата со фенг фу всушност помага во ревитализација и подмладување на целиот организам со тоа што го враќа во неговата природна физиолошка рамнотежа.

Фенг фу терапија – како и колку често се применува

Сѐ што треба да направите е да легнете на стомак и да ставите коцка мраз на точката фенг фу на вратот, по можност во затворена кесичка или завиткана во ткаенина (добро е кожата да не е во директен контакт со мразот).

Врзете шал околу вратот за да не се поместува мразот и оставете го да делува 20 минути. За тоа време, не мора да лежите, можете и да седите или полека да шетате.

Со редовно ставање на коцка мраз на оваа точка, ќе забележите дека се чувствувате подобро и имате повеќе енергија.

За уште подобри резултати, правете ја оваа терапија два пати на ден, по можност наутро пред појадок и навечер непосредно пред спиење.

Напомена: откако ќе ставите коцка мраз на вратот, на почетокот ќе почувствувате студ во вашето тело, но по 30 до 40 секунди ќе почувствувате дека топлината почнува да се движи кон вашата фенг-фу точка.

Придобивки од кинеската терапија со мраз

Ги ублажува симптомите на главоболка и ПМС

    Доколку сте склони кон главоболки, оваа терапија би можела да ви помогне. Чувството на студ на вратот го поттикнува телото да почне да лачи ендорфин, кој е еден вид природен аналгетик кој го создава самото тело.

    Со стимулирање на точката фенг фу, можете да ублажите разни други болки, како на пример, забоболка и да ги намалите воспалителните процеси кај ревматоидниот артритис.

    Со помош на оваа терапија можете да ги намалите и непријатните симптоми на ПМС, како што се менструалните грчеви.

    Го намалува стресот, го подигнува расположението и го подобрува сонот

      Оваа кинеска терапија има релаксирачки ефект и ја намалува мускулната тензија.

      Благодарение на ова, помага и при несоница.

      Со редовно користење, дефинитивно ќе го продлабочите сонот и ќе го подобрите неговиот квалитет.

      Бидејќи го помага лачењето на ендорфин, хормонот одговорен за доброто расположение, одличен е за сите оние кои страдаат од анксиозност, зголемен стрес и напнатост.

      Првите неколку дена откако ќе почнете да ја применувате оваа терапија со мраз, може да почувствувате мала еуфорија токму поради ослободувањето на хормоните на среќата во крвотокот.

      Ја стимулира работата на дигестивниот систем

        Според традиционалната кинеска медицина, со делување на фенг фу точката на вратот, можно е да се поттикне работата на дигестивниот систем.

        Освен што го ублажува стресот и напнатоста, кои негативно влијаат на варењето, оваа терапија ги активира и клетките во дигестивниот систем и црниот дроб.

        Ги ублажува симптомите на нарушувања на тироидната жлезда

          Ако тироидната жлезда ви прави проблеми, дефинитивно пробајте ја оваа терапија.

          Иако треба да влијаете на тироидната жлезда и преку диета и земајќи минерали, како што се јод или селен, оваа едноставна, но ефикасна кинеска терапија би можеле да ја вклучите и во природниот начин на лекување на тироидната жлезда.

          Може да ја ублажи астмата и да го регулира крвниот притисок

            Преку точката фенг фу можете да ги ублажите непријатните симптоми на астма, како и другите проблеми на респираторниот систем.

            Оваа точка влијае и на крвниот притисок, па ледената терапија може да ви помогне и при состојби како хипертензија или хипотензија.