Сирова торта од авокадо и лимета: Подобро од сладолед

Фото: Freepik
255

Овој десерт без шеќер освежува подобро од сладолед, а кога го јадете освен што уживате во вкусот, уживајте и во сознанието дека станува збор и за здрав десерт

Кога ќе дојдат топли денови, најдобри се студените, освежителни задоволства.

А уште подобро е ако се подготвуваат брзо и се нискокалорични.

Таков е колачот со авокадо и лимета.

Ако сакате сирови деликатеси, овој рецепт сигурно ќе ве интересира.

Ова е мини торта за 4-6 луѓе, а се подготвува едноставно и брзо.

Подобро освежува дури и од сладолед.

Состојки:

1 шолја бадеми

6-7 урми

2 лажици кокосово масло

кора од 1 лимон

1 зрело авокадо

1 чаша ореви

ванила

1/4 чаша стопено кокосово масло

кора од лимон и сок од 2 лимета

3 лажици сируп од агава

Приготвување:

Во блендер ставете ги бадемите, урмите, 2 лажици кокосово масло и кора од лимон и пулсирајте додека не добиете структура на лепливи трошки.

Смесата истурете ја во мал калап обложен со хартија за печење и добро притиснете со рака.

Можете да одвоите дел од смесата за подлогата и од неа да направите топчиња кои ќе ги користите за декорација.

Останатите состојки измешајте ги во блендер, прво полека, а потоа зголемувајте ја брзината додека не добиете мазен крем. Намачкајте го кремот врз подлогата и декорирајте со парчиња лимета. Тортата ставете ја во замрзнувач преку ноќ, а два часа пред послужување префрлете ја во фрижидер.