Киви наместо диазепам: Јадете го еден час пред да си легнете и ќе спиете како бебе

Фото: Pexels
741

Најважниот хормон за спиење е мелатонинот, а неговиот претходник е серотонинот. Затоа, пред спиење треба да јадете киви и цреши бидејќи тие содржат мелатонин.

Најважниот хормон за спиење е мелатонинoт кој го произведува нашата епифиза. Колку е подолг сонот, толку повеќе мелатонин ќе има, кој влијае и на женските хормони и помага во регулирањето на менструалниот циклус.

Овој хормон се бори и против дегенерација на нервите, забрзана за време на Алцхајмерова или Паркинсонова болест. Неговото производство во организмот е највисоко пред пубертетот, а потоа се стабилизира до 40-тата година од животот. Потоа, нивото на мелатонин се намалува.

Научниците открија дека супстанциите кои влијаат на мелатонинот може да се најдат и во храната. Конкретно, серотонинот и антиоксидантите кои се наоѓаат во одредени овошја можат да ни помогнат да заспиеме полесно, да спиеме подолго и поретко да се будиме. Таков е случајот со црешите, како и со кивито кое е достапно подолг период од годината.

Најважниот хормон за спиење е мелатонинот, а неговиот претходник е серотонинот. Затоа пред спиење треба да јадете киви и цреши кои го содржат.

Уникатниот хемиски состав ги прави корисни за сите оние кои имаат проблеми со спиењето.

Истражувањата покажаа дека е доволно да се јаде киви еден час пред спиење, секоја вечер во текот на четири недели. Благодарение на ова, кај третина од испитаниците дошло до значително порано заспивање и многу поретко будење.

Нивното вкупно време на спиење, како и ефикасноста на спиењето, односно количината на одмор, значително се зголемиле, велат истражувачите.