Кога во скопските болници се правеше чај за децата оперирани од крајници, во него, секако, имаше и жалфија

Фото: Unsplash
411

Во времето на Карло Велики, жалфијата се користел за лекување на речиси секоја болест, поради што добила статус на свето растение. Пред 25 години на децата оперирани од крајници во една од скопските болници им се даваше по литар чај на ден, а во него, секако, имаше и жалфија.

Расте во нашето поднебје, а не ја ни забележуваме! Жалфијата е растение кое се вбројува меѓу најлековитите растенија на нашата планета. Неговото латинско име – Salvia officinalis – потекнува од зборот salvare, што значи спасување или лекување. Во гробниците на фараоните ова растение било главната состојка во смесата за балсамирање. Грчкиот лекар Диоскорид го користел за лекување на многу болести како што се крварење, треска, уринарни камења и нередовна менструација.

Во времето на Карло Велики, жалфија била засадена во секоја градина и се сметала за најлековито растение. Се користела за лекување на речиси секоја болест, поради што добила статус на свето растение.

Содржи есенцијално масло, салвиол, салвен, тион, пинен, цинеол, борнеол, камфор, танин,…

Лековито дејство

Жалфијата ја прочистува крвта, го забрзува лачењето на слуз од дишните органи, делува и на излачувањето на слуз од желудникот, па на пациентот му се враќа изгубениот апетит.

За дијабетес се препорачува мешавина од еднакви делови од жалфија и равнец.

Жалфијата не само што делува против воспаленија, туку ги лекува и сите воспаленија на цревата, желудникот, црниот дроб, жолчката и уринарниот тракт.

Чајот од жалфија е одлично за гаргара на грлото и ждрелото, а особено за воспаление на крајниците и слузницата во усната шуплина. Едно време, односно пред околу 25 години, во денешната болница „8.Септември“ во Скопје, на децата после операција на крајници медицинските сестри им носеа на сите деца по едно шише со чај кој требаше да го испијат во текот на денот. Чајот го правеа во болницата, а во неговата основа беше токму жалфијата. Секако, стануваше збор од комбинација на повеќе лековити билки Не знам дали е ова сѐ уште практика, но беше навистина добра практика.

И ова не е сѐ, бидејжи жалфијата влијае и на лекување на ревматизам и гихт и цела низа невролошки нарушувања кои ги придружуваат овие болести.

Чајот од жалфија, ако се пие почесто, го зајакнува целото тело, спречува мозочен удар и многу благотворно делува на одземеноста.

Тоа е единственото лековито растение, заедно со лавандата, кое помага при ноќно потење. Ја лечи болеста што предизвикува ноќно потење, со својата изненадувачка моќ ја отстранува слабоста поврзана со таа болест.

Многу лекари дознале за добрите својства на жалфија: тие ја користат со најдобри резултати за грчеви, болести на ‘рбетниот мозок, болести на жлездите, како и тремор на екстремитетите. Кај наведените болести пијте по две шолји чај дневно во голтки.

Чајот одлично делува на заболениот црн дроб, ја елиминира надуеноста и сите други заболувања поврзани со оштетен црн дроб. Ја прочистува крвта, ја чисти слузта од дишните органи и желудникот, го зајакнува црниот дроб и ги отстранува цревните нарушувања и дијареата.

Во случај на каснување од инсекти, нанесете здробени листови жалфија на местото на каснувањето.

Чај од жалфија
Чајот од жалфија се подготвува така што 1-2 лажички жалфија се преливаат со 2 дцл топла вода и се остава да отстои 10 минути. Чајот има прилично силен вкус и може да биде непријатен за пиење, а можете да го пиете неколку пати на ден.