Кој би рекол дека гравот не прави среќни?Денес е меѓународен ден на среќата, а ние пишуваме за храната што влијае на расположението

Фото: Freepik
284

Со конзумирање одредени намирници можеме да го поттикнеме лачењето на хормоните кои влијаат на нашето расположение. Кој би рекол дека гравот не прави среќни?

Општата дефиниција за среќата вели дека e тоа состојба заснована на задоволство од животната ситуација, која е тесно поврзана со чувството на исполнетост и уживање. Меѓутоа, ако се обидеме да направиме некое подетално, поконкретно објаснување на овој феномен, ќе се соочиме со тешкотијата да го дефинираме недвосмислено – бидејќи, се чини, среќата е прилично субјективен поим.

А бидејќи е денес меѓународен ден на среќата, ние ќе се пишуваме за она што честопати знае да не направи многу среќни – храната.

Да, експертите велат дека со конзумирање одредени намирници можеме да го поттикнеме лачењето на хормоните кои влијаат на нашето расположение.

Еве за кои хормони и за која храна станува збор:

Серотонин – одговорен е за сонот, за стареењето, навиките во исхраната, биоритамот, чувството на болка и променливи ментални состојби како анксиозност и стрес. Серотонинот не може да стигне до мозокот преку храната, па затоа мозокот мора да произведува свој, па не е важно дали храната е богата со серотонин бидејќи ништо од него нема да стигне до мозокот.

Но важно е храната да содржи аминокиселина триптофан, од која мозокот потоа создава серотонин.

Храна богата со триптофан – мисирка, млеко (кравјо или козјо), урда, пекан, кикиритки, млеко од соја, семки од сончоглед, грашок, грав, банани, риба, јајца…

Мелатонин – го произведува епифизата во текот на ноќта од серотонинот и тој ни помага да заспиеме, го прилагодува нашиот биоритам со ноќните и дневните циклуси, го намалува стресот.

Во текот на денот, епифизата содржи повеќе серотонин и помалку мелатонин, а обратното е во текот на ноќта. Значи, кога не спиеме доволно, се произведува помалку мелатонин. Овесот, оризот, ѓумбирот и бананите се добра храна за производство на мелатонин.

Допамин – го одржува нашиот мозок буден и активен. Учествува во размислување, мотивација, концентрација, емоции, чувство на задоволство.

За да може нашиот мозок да произведе допамин, му треба аминокиселината тирозин, која ја добива од протеинската храна. Храна богата со тирозин се сирење и други млечни производи, пиво, вино, грав, риба, црн дроб, чоколадо, сланина, шунка, модар патлиџан, спанаќ и домати.

Норадреналин – се произведува од допаминот. Го одржува мозокот буден и активен, учествува во психолошките процеси како размислување, концентрација и мотивација.

Бидејќи се формира од допамин, а допаминот од тирозин, храната богата со тирозин го поттикнува производството на допамин и норадреналин – сирење, вино, грав, риба, кисела зелка, сланина, шунка, модар патлиџан, компири, спанаќ и домати.

Кој би помислил дека гравот не прави среќни?