Суви сливи за здраво срце: Секојдневното консумирање сливи може да го подобри нивото на холестерол

Фото: Freepik
269

Јадењето околу пет до 10 сливи дневно може да го поддржи здравјето на срцето

Сувите сливи се побогати со влакна и имаат повеќе хранливи материи од свежите сливи. Богати се и со влакна, кои ја помагаат работата и движењето на цревата. Дополнително, некои нови истражувања сугерираат дека сувите сливи можат да понудат многу повеќе од само ослободување од запек.

Здравствени придобивки од јадењето суви сливи
Секојдневното консумирање сливи може да го подобри нивото на холестерол со истовремено намалување на оксидативниот стрес и воспалението, според две нови студии презентирани на неодамнешната главна конференција на Американското здружение за исхрана. Предностите од долготрајното консумирање суви сливи за здравјето на срцето се забележани кај мажите. Кај постарите жени, редовното консумирање суви сливи немало негативен ефект врз метаболичките мерки, како што се вкупниот холестерол, шеќерот во крвта и нивото на инсулин.

Заклучокот е дека сувите сливи навистина можат да го поддржат кардиоваскуларното здравје. Но, ние сме само на врвот на ледениот брег, така што треба дополнително да ги истражиме овие резултати и потенцијално да ги реплицираме, вели Андреа Н. Џанколи, регистриран нутриционист и советник за исхрана во California Prune Board.

Друга студија објавена во 2021 година покажала дека јадењето 50-100 грама сливи (околу 5 до 10 парчиња) секој ден е поврзано со намален ризик од срцеви заболувања.

Намалувањето на холестеролот и воспалителните маркери најверојатно се должи на подобрените нивоа на антиоксиданти, според д-р Ширин Хошманд, професор по физичко образование и нутриционистички науки на Државниот универзитет во Сан Диего и коавтор на студијата.

Дали сувите сливи се подобри од свежите?
Иако студиите сугерираат дека сувите сливи може да го поддржат здравјето на срцето, тоа не мора да значи дека свежите сливи или сокот од слива ги нудат истите придобивки.
Нема толку многу студии за придобивките од свежи сливи или сок од слива. Можно е дека на некои нивоа би имале слични предности. Потребно е истражување за подобро да се разбере тоа, објаснила д-р Хошманд.

Сушењето на свежи сливи на топол воздух ги подобрува хранливите својства и рокот на траење на ова овошје, па ова би можело да биде причина зошто наместо свежи се избираат суви сливи.

Можеби ќе треба да јадете повеќе сливи за да го добиете истиот бенефит, но основниот состав ќе биде сличен, вели д-р Маја Вадивело, вонреден професор по исхрана на Универзитетот во Род Ајленд.

Можеби е полесно да се изедат 5-10 суви сливи отколку иста или поголема количина свежи сливи. Но, секоја опција е подобра од сокот од слива, вели д-р Вадивело.

Целото овошје и зеленчук се богати со влакна, придонесуваат за ситост и генерално имаат помалку калории, додава таа.

Дали сувите сливи им користат и на младите?
Додека повеќето достапни истражувања за сувите сливи се спроведени на мажи и жени во постменопауза на возраст над 55 години, д-р Вадивело вели дека и помладите возрасни би имале корист од конзумирање на суви сливи.

Препорачуваме – во сите видови исхрана – диети кои се богати со овошје и зеленчук. Значи сувите сливи се вклопуваат во таа категорија, вели таа.

Ако не ви се допаѓа вкусот на сливите, овошјето како јаболка и бобинки се исто така добри за вашето срце. Сепак, овошјето е само еден дел од вашата исхрана. Важно е да се фокусирате на разновидна исхрана со зеленчук здрав за срцето, мешунки и масла, додала д-р Вадивело.