Кој има трпение за декорирање, еве една преубава идеја за послужување лубеница (ВИДЕО)

Фото: Freepik
220

Ако сакате да оставите впечаток или имате баш убав повод и секако, ако го сакате декорирањето, можеби овие идеи ќе ви се допаднат

Нема поубаво нешто од оладена, слатка лубеница без многу семки. Црвена, сочна…

Но бидејќи не е само вкусна, туку и изгледа многу убаво, со неа можете да направите вистински чуда. Дури и торта за роденден или свадба. Секако, ако имате трпение за правење вакви декорации. Би можело да потрае, ама изгледа навистина добро. Во првиот случај, односно, првото видео, добро е што нема да се растури ниту кога ќе се изеде лубеницата бидејќи се парчињата за јадење наредени од страните, а оваа декорација ќе можете да ја употребите барем уште еднаш.

Тортата од лубеница е одлична замена за калоричните торти полни со шеќер. Ако имате привилегија да сте родени во лето, еве ви супер овошна торта со многу малку калории. Па дури и ако планирате свадба, ова ќе биде одлично изненадување и освежување за сите.