Рататуи е лето во чинијата: Го измислиле сиромашните фармери, а денес во него ужива целиот свет

Фото: Pexels
1.015

Ова летно јадење доаѓа од француската провинција Прованса чија кујна се карактеризира со употреба на билки и многу зеленчук. Комбинацијата на овие намирници, која денес ја знаеме како рататуи, ја измислиле сиромашните фармери уште во 17 век. Како состојки тие користеле остатоци од зеленчук што не можеле да дозволат да бидат фрлени.

Летото носи изобилство од шарени и вкусни зеленчуци на пазарите. Од сочни домати, разновидни тиквички, крцкави пиперки, меки патлиџани, никогаш не е полесно отколку во лето да се јаде здрава и разновидна храна. Едно од јадењата со летен зеленчук кој е сакан во целиот свет е рататуи, јадење што може да се јаде како прилог или како главно јадење. Шарениот рататуи плени со богатството на вкус и арома, здрав е, нискокалоричен и можете без грижа на совест да уживате во него. Подолу даваме совети за подготовка на ова вкусно јадење, како и едноставен рецепт за рататуи.

Оваа комбинација на зеленчук и зачини е смислена во Прованса, за да не пропадне вишокот од зеленчук

Омиленото летно јадење доаѓа од француската провинција Прованса, која се наоѓа на југоистокот на земјата, која е позната по медитеранската клима. Провансалската кујна се карактеризира со употреба на билки и многу зеленчук. Комбинацијата на овие намирници, која денес ја знаеме како рататуи, ја измислиле сиромашните фармери уште во 17 век. Како состојки тие користеле остатоци од зеленчук што не можеле да дозволат да бидат фрлени.

Со текот на времето, јадењето се раширило низ целата земја, а потоа и низ целиот свет и ја добило онаа уредна форма што ја знаеме денес. Името на јадењето потекнува од француските зборови „rata“, што значи вариво со големи парчиња и „touiller“ кој се однесува на чинот на мешање.

Рецепт за рататуи кој секогаш успева

Подготовката на ова француско јадење не е комплицирано, но ќе биде потребно малку време за да го исечете зеленчукот, да го наредите и да го испечете. Потрудете се да набавите квалитетни, домашни производи, маслиново масло со добар квалитет и не штедете на зачините. Пред да почнете да готвите, подгответе ги овие состојки:

1 главица црвен кромид
1 голем модар патлиџан
1 голема тиквичка
3 домати со средна големина
2 пиперки (идеално ако се со различна боја)
200 мл пасирани домати (или домашна салца)
маслиново масло
сол, црн пипер
зачини: босилек, мајчина душица, оригано…

Приготвување:
Добро измијте го зеленчукот. Модриот патлиџан се сече на еднакви кришки, се посолува и се остава половина час да се ослободи горчината. Тиквичките, кромидот и доматите исечкајте ги на тркалца, а пиперката на парчиња со иста големина како и другиот зеленчук.
Кога патлиџанот ќе одмори, подгответе кружен огноотпорен сад. Се разбира, може да биде и квадратен, но во кружен ќе го добиете тој прекрасен впечаток на бои кои се прелеваат една во друга. Подмачкајте го дното на садот со маслиново масло, а потоа ставете го пасираниот домат или салцата.
Започнете со редење на зеленчукот од надворешниот раб кон внатрешниот, внимавајќи да ставате наизменично различни видови. Секој ред зачинете го со сол и црн пипер, маслиново масло и зачини по желба.
Кога ќе го наполните садот, прелијте сè со уште малку маслиново масло и остатокот од салцата или пасираниот домат, покријте со алуминиумска фолија и ставете го во рерна на 180 степени.
По 50 минути извадете ја фолијата и повторно ставете ја во рерна уште 15 минути.
Послужете како прилог со месо или како независно јадење со ориз и тестенини.