Кој не смее да јаде цреши: Доколку го имате овој здравствен проблем, мора да ги избегнувате

Фото: Unsplash
1.108

Црешите се нашето омилено овошје. Сепак, експертите тврдат дека не треба да се јадат во неограничени количини, во спротивно здравјето може да биде сериозно загрозено

Црешите се многу вкусни и можат да се консумираат во многу различни комбинации. Покрај тоа, тие се многу корисни за имунитетот и содржат голем број на витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни која количина е всушност дозволена да се консумира на дневна основа.

Многу витамини и минерали
Црешите содржат многу витамини Ц и бета-каротин, витамини Б6 и К, фолна киселина, минерали калиум, железо, бакар, манган, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и кобалт. Богати се со растителни влакна, кои помагаат за подобро варење, додека присуството на целулоза го регулира варењето.

Потемните плодови се поздрави, бидејќи имаат поголема концентрација на антоцијани и имаат поголемо антианемично дејство. Содржат мелатонин, кој помага при опуштање.

Пред да ги консумирате, потребно е добро да ги измиете со ладна вода.

Проблем со варењето
На страницата „Medical Daily“ се наведува дека идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, па луѓето кои веќе имаат проблеми со тоа треба да внимаваат колку јадат. Препораката е една рака цреши дневно.