Комбинација од цимет и мед: Со векови се користи како природен лек, а има и одлично дејство против стареење

Фото: Pexels
580

Медот е одличен за имунитет, за лечење кашлица и настинка, а ако му додадете и цимет, ќе добиете комбинација која можете да ја користите за проблеми со акните, но и како партнер кој ќе ви го забави стареењето.

Циметот е суштински зачин за десертите од јаболка и сливи, а медот е еден од најздравите природни засладувачи. Поединечно се познати по одличните ефекти врз човековото здравје, а во комбинација со векови се на листата на природни лекови во многу култури.

Секој посебно е топ намирница
Многумина го сметаат медот за нектар на здравјето, а неговите лековити својства се научно докажани. Содржи многу лековити состојки како што се ензими, минерали, витамини Ц и Б комплекс, некои протеини, органски киселини (винска, јаболкова, лимонска) и фитохемикалии (феноли и флавоноиди) кои имаат антиоксидантни својства.

Што се однесува до неговиот одличен состав, не заостанува ниту циметот. Но, важно е секогаш да се избере цејлонскиот, кој доаѓа од Шри Ланка и се добива од дрвото Cinnamomum verum. За разлика од касија циметот, кој е полоша варијанта, цејлонскиот цимет содржи ниски дози на кумарин, соединение кое лошо влијае на црниот дроб и бубрезите, па затоа се препорачува само овој вид за консумирање.

Исто како медот, циметот содржи антиоксиданти, но и полифеноли, флавоноиди, минерали (калиум, натриум, магнезиум, железо) и витамини А, Ц и Б група.

Бомба комбинација
Циметот и медот во комбинација имаат многу лековити својства, како што се антибактериски, антиоксидантни и антигабични. Но, еве објаснување кои точно нутритивни елементи во оваа комбинација влијаат на подобрување на вашето здравје.

Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Како што е докажано дека поради својот состав го намалуваат покаченото ниво на лошиот холестерол и триглицеридите, влијаат и на намалување на ризикот од срцеви и кардиоваскуларни заболувања.

Ефект против стареење
Оксидантите, односно слободните радикали, влијаат на предвременото стареење на нашето тело, особено на кожата. Со текот на годините станува почувствителна и потенка поради оксидантите, се појавуваат брчки и фини линии, ја губи еластичноста, напнатоста и природните масти и е посклона кон воспаление.

Антиоксидантите во медот ги неутрализираат оксидантите и на тој начин го елиминираат таканаречениот оксидативен стрес, а циметот, од друга страна, има повеќе антиоксиданти дури и од 26 растителни видови, па дури и од семоќниот ѓумбир. При внесување на доволно антиоксиданти во организмот, овозможуваме кожата да се регенерира и да добива други хранливи материи од храната или козметиката.

Против акни и мозолчиња
Поради нивното антиинфламаторно дејство, циметот и медот се одлични за смирување на воспаленијата на кожата бидејќи ги убиваат бактериите. Ако ве мачат мозолчиња и акни, можете сами да подготвите маска: измешајте 3 лажици мед и половина лажичка цимет, а потоа нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува околу 15 минути. Потоа добро исплакнете го со млака вода и нанесете ја вообичаената крема.
Одлична комбинација за зајакнување на имунитетот
Во комбинација со ѓумбир, лук и лимон, циметот и медот се одлични за зајакнување на имунитетот токму поради комбинацијата од најсилните антиоксиданти, минерали и витамин Ц. Подолг период консумирајте по една лажица од овој сируп еднаш дневно, што можете лесно да го подготвите сами. Доколку имате почувствителен стомак, не го консумирајте на празен стомак бидејќи маслата кои содржат лук се прилично силни за слузницата на желудникот.

Состојки:
2 големи лажици мед
1 чешне лук, ситно сечкано
2 лажички рендан ѓумбир
половина лажичка цејлонски цимет
2 лимони

Приготвување:
Исцедете го лимонот и измешајте ги лукот, ѓумбирот и циметот. Добро измешајте сè и потоа додадете мед. Сирупот истурете го во тегла и затворете го. Оставете го да отстои на собна температура четири часа, а потоа чувајте го во фрижидер.