Конечно, добар и едноставен народен лек: Чашка вишновка ја намалува болката при воспаление на мускулите, гихт, остеоартритис…

Фото: Freepik
233

Ова звучи премногу добро за да биде вистинито, но ние сепак решивме да ризикуваме. Со оглед на тоа што станува збор за алкохол, бидете внимателни со ликерот, особено ако веќе примате некакви лекарства

Благодарение на лековитите својства на вишните, ликерот од вишни е исто така корисен за здравјето на многу начини.

Имено, вишните ги задржуваат своите антиоксидантни својства, па ликерот од вишни може да помогне во зајакнувањето на имунитетот и борбата против разни вируси и инфекции.

Вишните содржат витамини А, Ц и Е, како и фолна киселина, а од минерали најмногу магнезиум, калиум и железо.

Благодарение на големото количество влакна кои се наоѓаат во вишните, овој ликер поволно делува на дигестивниот систем и го подобрува варењето.

Доколку редовно го консумирате овој ликер, повеќе нема да имате проблеми со тврда столица, гасови и надуеност.

Вишните имаат и силни антиинфламаторни својства, па овој ликер се смета за корисен за намалување на болката при воспаление на мускулите, гихт и остеоартритис.

Освен тоа, вишните се познати по тоа што содржат хормон кој го регулира сонот, па ако земате само една чаша од овој ликер дневно, повеќе нема да имате проблеми со несоница.

Во овој случај, најдобро е да се напиете чаша ликер од вишни непосредно пред спиење.

Исто така, докажано е дека вишните го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, ја подобруваат функцијата на бубрезите и го штитат мозокот.