Рецепти за проја и за бомбици од рогач

Фото: Приватна архива
147

Овие рецепти за проја од рогач и за бомбици со истата состојка во главна улога, се дел од менито на Гастроадвентот во Сплит, кое го подготви нашиот Дејан Карапеев.

Проја од рогач со праз и сирење

Состојки:

3 јајца
250 мл јогурт
200 мл масло
250 мл минерална вода
6 големи лажици брашно од рогач
6 големи лажици пченкарно брашно
1 прашок за пециво
150 гр праз
150 гр сирење
сол по вкус

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, јогуртот, маслото и минералната вода, додадете брашно и прашок за пециво. Посолете малку и сè убаво измешајте, на крајот додадете парчиња фета сирење и свеж праз. Префрлете ја смесата во калапот и печете околу 30 минути на 180 степени.

Бомбици од рогач

Состојки:

500 гр мелени бисквити
150 гр брашно од рогач
200 гр путер
рум
сок од портокал

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во смесата, формирајте топчиња и валкајте ги во какао во прав.