Крамбл со цреши (или вишни): брзо, лесно и вкусно

262

Сезонското издание на крамбл со цреши или со вишни ќе го подготвите, испечете и послужите за помалку од 40 минути

Ние сакаме цреши и вишни – свежи или во десерти, не е важно. И денес имаме многу едноставен

десерт – крамбл со вишни, кој толку лесно и брзо се подготвува, што не е проблем да ги

засукаме ракавите и да ја вклучиме рерната.

Во крамбл најдобро се ужива додека е топол, а најдобар партнер му е сладоледот од ванила.

Можете да го печете во длабок калап за пита со дијаметар од 30 цм.


Состојки:

1 кг вишни или цреши

50 г гранулиран шеќер

1 лимон

лажичка екстракт од ванила

150 г брашно

100 г овесни снегулки

40 г листови од бадем

Приготвување:

Измешајте ги вишните или црешите (на кои прво мора да им се извадат семките), со шеќер,

екстракт од ванила, сок и кора од лимон. Префрлете ги во сад за печење премачкан со малку путер.

Измешајте ги брашното и путерот со рацете во ронлива смеса, а потоа додадете ги останатите

состојки. По кратко мешање, добиената смеса распоредете ја врз овошјето.

Се пече околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете топло, во

комбинација со сладолед од ванила.