Ви предлагаме да ја подготвите оваа интересна и едноставна закуска, бидејќи крцкавиот наут не само што е многу вкусен, туку е и една од најздравите грицки.
Ако сакате да грицкате нешто додека ја гледате омилената серија на телевизија, направете си го овој крцкав наут, кој не само што е многу вкусен, туку е и една од најздравите грицки.
Секако, кога подготвувате крцкав наут, можете да користите многу суви и свежи зачини – во зависност од вашиот вкус. Со овие крцкави грицки нема ни да помислите на чипс, смоки или некоја друга нездрава закуска. Крцкавите леблебии зачинете ги по сопствен вкус.
Во рецептот се наведени чили и црвен пипер, но можете да експериментирате и со други зачини, како сув босилек, мајчина душица, оригано…
Имајте на ум дека, освен што е ужина, крцкавиот наут може да се користи и како додаток во крем супите и салатите.
Состојки:
1 конзерва наут (400 гр.)
1 лажица маслиново масло
½ лажичка сол
½ лажичка чили во прав
½ лажичка црвен пипер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Наутот добро процедете го, па измијте го со вода. Избришете го со хартиени салфети или со кујнска крпа и оставете го настрана уште неколку минути за целосно да се исуши.
Ставете го врз хартија за печење, прелијте го со маслиново масло и посолете. Печете го 20 минути до половина час и повремено протресувајте го плехот. Наутот е готов кога однадвор е златен и крцкав, а внатре е мек. Поросете го со зачини и измешајте. Послужете го веднаш.