Леб од брашно од наут

828

Наутот, па така и брашното од наут е богато со протеини и влакна и е одлична замена за обичното брашно. Особено е популарно кај оние што се обидуваат да го намалат количеството на јаглехидрати во својата исхрана.

Брашното од наут е богато со протеини и влакна и е одлична замена за обичното брашно. Затоа е многу популарно кај оние што се обидуваат да го намалат количеството на јаглехидрати во својата исхрана. Поради својот јаткаст вкус и уникатната текстура, лебот од ова брашно е многу вкусен и создава чувство на ситост.

Исто така, лебот од брашно од наут содржи и помалку калории.

Состојки:

300 г брашно од наут
360 мл газирана минерална вода
1 лажица јаболков оцет
2 лажици масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона

Приготвување:

Рерната се загрева на 200 °C. Во садот се ставаат сувите состојки – брашно од наут, шеќер, сол и сода бикарбона. Се мешаат, па се додаваат маслото и оцетот. На крајот, се додава полека и минералната вода. Сувите состојки се мешаат со влажните, за да се добие течна смеса која се истура во плех во модла за леб или некое тркалезно тавче со слични димензии (22 цм), во кое сме ставиле хартија за печење. Се поросува со семки по желба и се пече 35-40 минути. Откако ќе се испече се остава да се излади во модлата, па дури потоа се сече.