Повисоките нивоа на кофеин во крвта им помагаат на луѓето да останат витки

Фото: Pexels
270

Новата научна студија покажала дека брзината со која го метаболизираме кофеинот може да влијае на нашата тежина, но и да го намали ризикот од развој на дијабетес. Сепак, ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се утврди дали пиењето повеќе кафе е корисно.

Кај оние кои побавно го метаболизираат напитокот, нивото на кофеин во крвта е повисоко, со помал индекс на телесна маса и помал ризик од дијабетес.
Новата научна студија сугерира дека повисоките нивоа на кофеин во крвта може да им помогнат на луѓето да останат витки и да го намалат ризикот од развој на дијабетес.
Оваа студија покажала дека брзината со која го метаболизираме кофеинот може да влијае на нашата тежина, иако ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се утврди дали пиењето повеќе кафе е корисно.
Д-р Дипендер Гил, клинички научник од Imperial колеџот Лондон, работел на новото истражување објавено во списанието BMJ Medicine.

Според него, претходните студии не покажале причинско-последична врска помеѓу кофеинот и телесната тежина, но новата студија се занимавала со генетиката, правејќи ги заклучоците поубедливи.

Тој исто така додале дека „95 проценти од кофеинот ги метаболизира ензим“ и дека два гени наречени CYP1A2 и AHR влијаат на функцијата и нивото на тој ензим.

„Со анализа на генетските варијации кои предизвикуваат луѓето да го метаболизираат кофеинот побрзо или побавно, откривме дека оние кои метаболизираат побавно, поради што нивото на кофеин во крвта беше повисоко, имаат помал индекс на телесна маса и помал ризик од дијабетес“, вели тој.
Додава и дека, на ниво на популација, тоа значи дека луѓето кои побавно го метаболизираат кофеинот имаат поголема веројатност да бидат послаби и имаат помал ризик од дијабетес.

„Ако метаболизирате побрзо, имате пониски нивоа на кофеин во плазмата, така што, во просек на ниво на популација, имате малку поголем ризик од дијабетес и имате малку повисок индекс на телесна маса“, вели научникот.

Научникот додава и дека оваа студија ќе насочи натамошните истражувања, вклучително и дали пиењето повеќе кафе може да им помогне на луѓето да останат слаби.

Меѓутоа, луѓето засега не треба да ги менуваат своите навики.

„Секако, луѓето не треба да почнат да пијат повеќе кафе или чај за да се обидат да изгубат тежина, бидејќи кафето, чајот и кофеинот исто така можат да имаат и штетни ефекти“, додавае научникот.

Д-р Гил вели дека моментално не е јасно колкав процент од населението побрзо го метаболизира кофеинот.

Студијата опфатила речиси 10.000 луѓе кои учествувале во шест истражувања.