Летен ручек, летна комбинација и 7 причини зошто треба да јадеме лубеница

Фото: Pexels
341

Лубеницата им дава одличен вкус на салатите, па веројатно сите сте ја пробале оваа комбинација. Ако сте пропуштиле да го направите тоа досега, еве ви идеја за денешниот ручек. Освен што е слатка и сочна, лубеницата има и бројни здравствени придобивки.

Лубеницата е една од омилените летни намирници. За вакви горештини, таа е вистинскиот избор. Освен што е слатка и сочна, има и голем број придобивки за нашето здравје.

Го заштитува срцето – лубеницата е богат извор на хранливи материи кои го штитат срцето, како што се витаминот Ц и каротеноидниот фитонутриент, ликопен, кој ѝ ја дава карактеристичната црвено-розова боја. Ликопенот, заедно со бета-каротенот и витаминот А, обезбедува силна антиоксидантна заштита од оштетување на клеточните структури предизвикано од слободните радикали. Лубеницата е добар извор на магнезиум и калиум, два минерали за кои е познато дека помагаат во балансирање на крвниот притисок, како и многу добар извор на витамин Б6, кој помага во одржување на соодветно ниво на хомоцистеин (покачените нивоа на хомоцистеин се поврзани со напредната атеросклероза и прерана смрт).

Може да помогне во кревет – лубеницата е најдобар сојузник на мажите во кревет бидејќи помага во одржување на ерекцијата. Лубеницата е богата со природни состојки кои предизвикуваат здрави реакции во организмот. Еден од нив е цитрулинот, кој влијае на ослободувањето на азотен оксид во телото. Ова ги релаксира крвните садови, исто како што тоа го прави вијаграта.
Придонесува за слабеење – се состои од 92 отсто вода и е идеална храна за контрола на тежината. Постои и диета со лубеница која трае од 9 до 13 дена. Подолгиот план се состои од две фази. Првите три дена се јаде само лубеница. Во втората фаза се додаваат други намирници, а лубеницата се јаде како ужина. Втората фаза не е толку рестриктивна како првата и може да трае од шест до десет дена, но не содржи многу други намирници.

Нискокалорична е, но со висок ГИ – иако лубеницата е богата со хранливи материи и нискокалорична, една шолја лубеница содржи само 49 калории, а има висок гликемиски индекс. Потребна е доза на претпазливост за луѓето кои се чувствителни на зголемување на шеќерот во крвта, а лубеницата мора да се комбинира со храна со низок гликемиски индекс. Не мора да биде во истиот оброк, но имајте на ум дека во следниот оброк треба да се јаде храна со низок гликемиски индекс за да се анулира високиот индекс на лубеницата.

Силен антиоксидант – богата е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Содржи дури 93 проценти вода, а токму оваа карактеристика ја прави одлично средство за чистење на телото, но и за слабеење. Освен што е моќен антиоксидант, содржи есенцијални омега 6 и омега 9 масни киселини, цинк, ликопен. Сето ова ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само на лицето, туку и на кожата на целото тело. Имено, лубеницата ја навлажнува и хидрира, ја тонизира и лекува кожата и ги третира акните и изгорениците од сонце.
Го намалува ризикот од развој на пародонтална болест – Пародонталната болест може да доведе до губење на забите, инфекција, па дури и е поврзана со други здравствени состојби како што се срцевите заболувања.

Го намалува ризикот од периодонтитис – правилната орална хигиена и редовните стоматолошки прегледи се примарна алатка против болести на забите и непцата, но се покажа дека соодветните количини на витамин Ц во исхраната го инхибираат развојот или влошувањето на болеста. Лубеницата е одличен извор на витамин Ц, затоа загризете со забите парче лубеница и ќе ја одржите вашата насмевка здрава.

Придонесува за здравјето на бубрезите – во текот на денот сме изложени на разни токсини кои влегуваат во телото преку храна, пијалак и воздух, а задачата на бубрезите е да ги исфрлат овие отрови од телото. Калциумот и калиумот придонесуваат за елиминација на токсините, а лубеницата ги содржи. Исто така, високата содржина на вода помага да се намали можноста за камења во бубрезите.

А еве го и рецептот за салатата:

Состојки:

Лубеница
Фета сирење
1 домат
1 виолетов кромид
маслиново масло
оцет балсамико
босилек или мента
сол, црн пипер

Приготвување:

Доматите измијте ги и исечете ги на помали парчиња. Кромидот исчистете го и исечкајте го. На лубеницата извадете и ги семките и исечете ја на коцки. Помешајте ги состојките па додадете го и сирењето исечено на коцки и зачинете.