Едноставен начин за прочистување на водата од пластика: Постои начин на кој можете да ја направите вашата вода „поздрава“

Фото: Pexels
844

Истражувачите од Универзитетот Џинан (Јинан) во Гуангжу, Кина, откриле дека со вриење и филтрирање на водата од чешма, можат да го намалат присуството на микропластика (и нанопластика) во водата за речиси 90%, пренесува Њујорк Пост

Микропластичните честички станаа загрижувачки во последниве години, бидејќи се наоѓаат во повеќето од нашите резерви на храна и вода. Тие може несвесно да се проголтаат и да се апсорбираат во крвотокот, што може да доведе до метаболички нарушувања како што е дијабетесот, се наведува во извештајот на SWNS. Наводно, зовривањето на водата е брз и ефикасен начин за отстранување на микропластиката од домашните резерви за пиење, говорат новите истражувања спроведени во Кина.

Покрај тоа, микропластиката може да предизвика нарушувања на имунолошкиот систем, да го оштети нервниот систем и да го наруши репродуктивниот циклус. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот Џинан (Јинан) во Гуангжу, Кина, откриле дека со вриење и филтрирање на водата од чешма, можат да го намалат присуството на микропластика (и нанопластика) во водата за речиси 90%, пренесува Њујорк Пост (New York Post).

Тоа се случува затоа што при загревањето на водата, минералните наслаги во бокалот се фаќаат за пластичните честички, кои потоа се излачуваат заедно со талогот. Во зависност од тврдоста на водата, пластичните честички можат да се спојат со минералните наслаги и да испливаат на површината.

Голема работа
Во такви случаи, потребно е редовно чистење на бокалот или тенџерето, а може да се користи и филтер за кафе за да се отстранат лебдечките состојки. Студијата е објавена во Environmental Science & Technology Letters на ACS. Во експериментот биле додадени различни количини нано и микропластика во водата од чешма, која потоа се варелаа пет минути. По ладењето, водата била тестирана.

Во тврда вода, 90% од пластичните честички исчезнале, додека во помеката вода овој процент бил околу 25%. Според сегашната наука, внесувањето прекумерни количини нано и микропластика може да влијае на здравјето на цревата.

Иако некои домашни системи за филтрирање можат да ги отстранат несаканите честички, повеќето не се достапни за секого поради нивната висока цена. Ова ги охрабрува истражувачите да бараат алтернативи за намалување на внесувањето на пластиката во организмот. Во некои култури, зовривањето на водата пред да се испие е традиционална практика, или дури и неопходна за преживување, особено во азиските земји, каде што се смета за корисна за здравјето.