Лушпите од банани претворете ги во брашно: Повеќе протеини, влакна, магнезиум, калиум, антиоксиданти

Фото: Pexels
127

Не само што готвењето со кора од банана е совршено безбедно, научниците велат дека тоа е всушност добро за нас. Ќе добиеме дарежлива порција на минерали и хранливи материи кои помагаат дури и во борбата против ракот.

Секогаш кога ќе излупите банана и ќе ја фрлите кората, фрлате вкусна, хранлива ужинка. Една

неодамнешна студија покажа дека ако кората од банана се бланшира, се исуши и се смеле во

брашно, може да се претвори во печива со подеднакво добар вкус, ако не и подобар од

производите на база на пченица.

Освен ако не сте посветен читател на блогови за веганско готвење, веројатно никогаш не сте

размислувале да готвите со кора од банана. Но, не само што готвењето со кора од банана е

совршено безбедно, научниците велат дека тоа е всушност добро за вас.

По тестирањето на кексите од кора од банана во една неодамнешна студија, потрошувачите

изјавиле дека се исто толку задоволни со вкусот и дека не се разликуваат многу од оние без кора.

Ако користите кора од банана како состојка, ќе добиете дури и дарежлива порција на минерали и

хранливи материи кои помагаат во борбата против ракот. Крцкавите кекси, направени во студијата,

збогатени со кора од банана, содржеле многу повеќе влакна, магнезиум, калиум и антиоксидантни

соединенија.

Една од лошите страни е што додавањето премногу брашно од кора од банана може да ги направи

кексите малку кафеави и тврди, веројатно поради дополнителните влакна. Но, кога кексите биле

направени со брашно кое содржи 7,5 отсто кора од банана, нивната текстура била многу

попривлечна. Една од предностите е што тие останале совршено сочувани и по три месеци стоење

на полица на собна температура.

Додека студијата ги разгледала само ефектите од додавањето брашно од кора од банана во

печените кекси, резултатите сугерираат дека можеби вреди да се размисли за користење на

брашно од кора од банана во леб, колачи и тестенини. Минатата година, на пример, една студија за

колач со кора од банана покажа дека жолтата кора на овошјето му дава природна боја на печениот

производ, како и поголема хранливост.

Во меѓувреме, студија од 2016-та година покажала дека замената до 10 проценти од пченичното

брашно со брашно од кора од банана може да го збогати печениот леб со поголема содржина на

протеини, јаглени хидрати и масти.

Не ви се допаѓа печење? Нигела Лосон, писателка и ТВ-готвач, користела кора од банана во кари, а веганските блогери неодамна ја популаризираа идејата за сланина од кора од банана и свинско месо со кора од банана.

Јадењето на кората од ова овошје не само што е здрава опција, туку може да помогне и да се намали отпадот од храна. Околу 40 проценти од тежината на бананата е во нејзината кора, а во најголем дел, оваа кора преполна со хранливи материи едноставно се фрла. Се разбира, кората од банана е прилично бескорисна кога е сурова. Но, ако се подготви правилно, всушност може да има прилично убав вкус. Може дури и да го продолжи рокот на траење на некои производи бидејќи има антиоксидантни и антимикробни својства. Истото важи и за други овошни лушпи, како што се лушпите од манго, за кои исто така е откриено дека ги зголемуваат антиоксидантните својства на колачите и го подобруваат нивниот вкус.

Затоа, следниот пат кога ќе излупите банана, размислете да ја задржите кората. Вашиот стомак може да ви се заблагодари подоцна.