Мали, необични и прекрасни модри патлиџани какви што ретко гледаме

2

Овие мали патлиџани се особено убави за готвење цели. Младите плодови имаат нежна лушпа и ситни семки, па најчесто нема потреба да се лупат. Доволно е добро да се измијат и да се подготват со малку масло, лук и зачини.

Не се сите модри патлиџани големи, издолжени и темновиолетови. Постојат и вакви мали убавици – бели, жолтеникави, виолетови, шарени – со различна големина, форма и вкус.

Овие мали патлиџани се особено убави за готвење цели. Младите плодови имаат нежна лушпа и ситни семки, па најчесто нема потреба да се лупат. Доволно е добро да се измијат и да се подготват со малку масло, лук и зачини.

Кај нас модриот патлиџан најчесто го поврзуваме со класичните виолетови плодови, но палетата на сорти е многу поширока. Белите и жолтеникавите патлиџани се само дел од богатството што може да се најде во домашните градини, особено кога се одгледуваат различни сорти и се чуваат семиња од година во година.

А кога се мали, не само што изгледаат убаво на трпезата, туку се и практични – можат да се испечат цели или да се подготват на рингла. Нивната големина ги прави одлични и за сервирање како прилог или како мало сезонско јадење.

Затоа, ако на пазар или во домашна градина наидете на вакви необични модри патлиџани, не ги прескокнувајте само затоа што не изгледаат како оние што најчесто ги купуваме.

Иако се мали и необични по боја, овие модри патлиџани имаат сличен нутритивен профил како и класичните виолетови сорти. Природно се нискокалорични, а содржат значително количество вода и диететски влакна, па можат да бидат добар избор за лесен и заситувачки сезонски оброк.

Во 100 грама свеж модар патлиџан има приближно 25 калории, околу 6 грама јаглехидрати, од кои околу 3 грама се влакна, а содржи и мали количества протеини и масти. Од витамините и минералите се издвојуваат калиумот, фолатите, витаминот К и витаминот Ц, иако модриот патлиџан не е особено богат извор на некој конкретен витамин или минерал.

Особено интересна е лушпата, која содржи растителни пигменти и полифеноли. Кај виолетовите сорти е присутен антоцијанинот насунин, растително соединение со антиоксидативни својства. Кај белите и жолтеникавите сорти количината и видот на пигментите се различни, па не треба автоматски да се претпоставува дека имаат ист антиоксидативен состав како темновиолетовите.

Модриот патлиџан е добар избор и затоа што лесно се вклопува во различни начини на исхрана. Печењето, динстањето или подготовката на скара овозможуваат да се употреби релативно малку масло, што е особено важно затоа што патлиџанот има сунѓереста структура и при пржење може да впие голема количина маснотија.

Затоа овие мали домашни плодови не се само интересни по изглед. Со малку масло, лук и зачини можат да станат едноставен, вкусен и хранлив сезонски прилог или лесно главно јадење. А најубавото е што малите млади патлиџани обично имаат нежна лушпа и ситни семки, па можат да се подготвуваат цели, без лупење.

А сега – еден едноставен рецепт со нив, токму за да дојде до израз нивниот вкус.

Состојки:

500 г мали бели модри патлиџанчиња

2 домати

2-3 лажици маслиново масло

2-3 чешниња лук

сол, црн пипер, зачини по вкус

Приготвување:

Само измијте ги малите доматчиња и исечете им ги дршките. Исечкајте ги црвените домати и ставете ги во садот за печење. Додадете лук, масло и зачини, а потоа наредете ги малите бели домати. Оние што се малку поголеми може да ги изечете на пола, а другите ставете ги цели, но засечете ги по малку.

Печете во загреана рерна на 200 степени, покриени со фолија околу 25 минути, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути или додека малите модри доматчиња не омекнат.