Тауринот е новиот колаген: Оваа состојка ја има во многу намирници, а ги подмладува и коските

Фото: Pexels
4.216

Тауринот го следи процесот на стареење и неговата концентрација особено се намалува по 60-тата година од животот. Главните извори на таурин се протеините од животинско потекло, а може да се најде и во некои видови морска трева. Нашето тело може да го произведе од други аминокиселини.

Новото истражување на Универзитетот Колумбија укажува на важноста на тауринот, аминокиселина која игра цела низа улоги во човечкото тело.

Се покажало дека неговото ниво се намалува со стареењето и дека особено драстично опаѓа по 60-тата година од животот.

Главните извори на таурин се протеините од животинско потекло, од месо, риба и млечни производи. Може да се најде и во некои видови алги. Нашето тело може да го произведе од други аминокиселини.

„Нашето истражување покажува дека тауринот е еликсир на животот и ни помага да живееме подолг и поздрав живот“, вели Виџај Јадав, еден од водечките автори на студијата. Тој ја открил важноста на тауринот додека ја истражувал остеопорозата и заклучил дека тој игра клучна улога во регулирањето на растот на коските.

Други студии исто така покажаа дека тауринот влијае на имунолошкиот систем, проблемите со дебелината и нервниот систем. Кај луѓето кои имаат 60 години, концентрацијата на таурин е за 80 проценти помала отколку кај 5-годишно дете.

Истражувачите на почетокот не беа сигурни дали падот на нивото на таурин е само последица на стареењето или активно придонесува за тоа. Експериментите со животни покажале дека суплементацијата на таурин го продолжува животниот век за повеќе од десет проценти.

Тауринот го стимулира создавањето на матични клетки во некои ткива, го намалува оштетувањето на ДНК и му помага на телото да располага со повеќе енергија.