Милиброд со мак

667

Овој милиброд, заедно со оној со фил од ореви се традиционални рецепти во овој дел од светот, па веројатно им се омилени на повеќето од нас

Да се направи милиброд не е толку тешко колку што изгледа. Ви треба само малку време, трпение и желба.

Состојки:

Тесто:
250 мл млеко
1 лажичка шеќер
550 г брашно
30 г квасец
100 г путер или маст
2 жолчки
3 лажици шеќер
Кора од 1 лимон

Фил:
300 г мелено семе од афион
2 дцл млеко
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 белка од јајце
сок од 1 лимон

За премачкување:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
1 лажица шеќер во прав

Приготвување:
Измешајте го макот со шеќер и ванилин шеќер. Прелијте го со врело млеко, па измешајте ги белките и сокот од еден лимон. Сè добро соединете.
Квасецот издробете го во млакото млеко, додадете една лажичка шеќер и оставете го да надојде. Маста (или растопен путер), жолчките и шеќерот се матат со миксер, па се додава квасецот, ренданата кора од лимон и се замесува тесто со додавање на брашно.
Месете околу пет минути. Оставете го тестото да нарасне. Потоа поделете го на два дела. Едниот дел се расукува, па се покрива со половина од филот и се витка во штрудла. Направете го истото со вториот дел од тестото.
Префрлете ги штрудлите во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчка измешана со лажица млеко и шеќер во прав. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. По желба поросете со шеќер во прав.