Млеко од овес, од бадеми, од ориз, од компири… Еве уште една веганска алтернатива што треба да се проба (ВИДЕО)

Фото: Pexels
243

Млекото од компир е уште една растителна алтернатива за млекото од животинско потекло. Едноставно се прави, а доколку сте алергичќни на лактоза и на јаткасти плодови, тоа е одлична алтернатива

Постојат бројни алтернативи за млекото произведено на класичен начин. Најчесто се користат од поддржувачите на здравата исхрана, оние кои не консумираат производи од животинско потекло и од луѓето кои се алергични на обично млеко.

Најновиот хит меѓу поборниците за здрава исхрана е млекото направено од компири, кое е вегански пијалак без глутен и со ниска содржина на шеќер и заситени масти, а со многу калциум и витамин Д.

Ова млеко е идеална алтернатива за млекото од животинско, но и за растителните верзии на овој производ. Имено, млекото од компир има јаглероден отпечаток кој е 75% помал од млечното млеко и бара 56 пати помалку вода за одгледување на компирите во споредба со друга немлечна култура, на пример, бадемите. Освен фактот дека ова е производ што веганите ќе го обожаваат, исто така е многу погоден за сите чувствителни луѓе кои не можат да консумираат кравјо млеко, бидејќи не ги содржи вообичаените алергени.

Едноставно и вкусно

Правењето домашно млеко од компир е едноставно. Сварете излупен бел компир додека не омекне, потоа исцедете го и измешајте го со засладувач, малку сол и вода во блендер, мешајќи додека не се изедначи. Препорачуваме да додадете натопени бланширани бадеми за суптилен вкус на јатки и кремавост, но можете да ги изоставите ако сакате. Процедете го млекото преку газа и вкусете. Можете лесно да ја прилагодите сладоста, вкусот и конзистентноста за да одговараат на вашиот вкус.

Млекото од компир е убава алтернатива на растителна основа за млекото од јаткасти плодови за оние со алергии или за оние кои сакаат да изберат поодржлива опција. Засладувачот го балансира вкусот на компирот, затоа не го изоставувајте.

Процесот на правење млеко од компир

За да направите млеко од компир потребни ви се околу 700 мл топла вода или три шолји ако ви е така полесно. Потоа ви треба еден голем компир (една шолја коцки од компири), една лажичка (околу шест милилитри) екстракт од ванила, една четвртина чаша сечкани бадеми и малку сол.

Компирите прво мора да се излупат и да се сварат во одредена количина вода (три шолји) со додаток на малку сол. Кога компирот ќе се свари, ставете го во блендер и топла вода, така што вкупната количина е четири шолји. Додадете ванила и сечкани бадеми. По желба може да се заслади со мед, јаворов сируп или сируп од агава.

Мешајте ги сите состојки околу пет минути, потоа процедете низ газа и млекото е готово. Можете да го консумирате кога е млако или разладено. Не се препорачува да го додавате во особено врели напитоци затоа што има тенденција да се згрутчува.

Еве како да направите домашно млеко од компир.