Најчудниот домашен сируп против кашлица

Фото: Pexels
470

Велат дека овој сируп лечи кашлица за 24 часа, но не сме го испробале па не ви гарантираме. Со оглед на тоа што ви требаат само две состојки, можете да го направите, да го пробате и да не информирате за резултатите

Велат дека со помош на овој рецепт можете да се ослободите од кашлицата за само 24 часа. Кашлицата може да биде вистински кошмар и може да трае со недели по настинката.

Можете да пробате да се ослободите од неа за само еден ден со помош на пиво!

Ако и вас ве мачи здодевна и упорна кашлица, пробајте го овој рецепт за домашен сируп, сличен на шербет, за кој буквално се потребни само две состојки.

Може да го консумираат и деца.

За сирупот ви требаат:

– 150 гр шеќер
– 1/2 литар пиво
Подготовка:

Во тенџере на тивок оган растопете го шеќерот додека не се претвори во карамела.

Тргнете го од оган и прелијте го со пивото. Сирупот вратете го на шпорет и мешајте додека сè не се соедини.

Гответе помеѓу 15 и 20 минути додека не почне да наликува на мед. Тргнете го од оган и чувајте го во стаклен сад.

Упатство за употреба:

Возрасните можат да земаат една лажица сируп дневно, а децата една мала лажичка. Ако имате многу сува кашлица, додадете во сирупот една лажичка суво нане.