Најдобрите домашни енергетски коцки: Ви требаат само три состојки!

Фото: Pexels
299

Со овие здрави домашни коцки, ќе ја подмирите потребата за благо на поздрав начин. Подготовката е толку едноставна што не може да биде поедноставна, а состојките што ги бара рецептот не само што се здрави, туку се и одлични сојузници во борбата за „фит“ тело.

Ако ова не сте ги направиле досега, тогаш мора да ги подготвите деновиве – едноставни се, долго траат, евтини се и супер здрави! Особено се препорачливи за оние кои не можат без слатки, а сепак се обидуваат да внимаваат на тоа колку и што консумираат. Со овие здрави домашни коцки, ќе ја подмирите потребата за благо на поздрав начин. Подготовката е толку едноставна што не може да биде поедноставна, а состојките што ги бара рецептот не само што се здрави, туку се и одлични сојузници во борбата за „фит“ тело. Дефинитивно подобро и поисплатливо решение од купувањето енергетски плочки!

Во оригиналниот рецепт се наведени суво грозје, бадеми и урми, со тоа што последните две состојки се основата, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје.

Секако, во смесата можете да додадете и други состојки по ваш вкус, но внимавајте и тој избор да се однесува на здрави состојки како цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос.

Суво грозје
Грицкањето суво грозје ја контролира гладта ​​и ве прави сити.

На овој начин се спречува прекумерното внесување на калории и се продолжува чувството на ситост.

Бадеми

Освен тоа што можат да го намалат холестеролот, бадемите се одлична храна доколку внимавате на линијата – ја намалуваат и желбата за храна, но и градат мускули.

Урми

Урмите се идеална ужина која ќе ви обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради широката содржина на различни есенцијални хранливи материи и поради можните позитивни ефекти врз здравјето, урмите може да се сметаат за речиси идеална храна!

Приготвување:
Како што веќе рековме, подготовката на овие енергетски коцки е многу едноставна.

Ставете ги сите три намирници, во еднакви количини, во блендер и мешајте околу 30 секунди.

Потоа префрлете ја смесата на пластична фолија и обликувајте по желба (коцки, топчиња, стапчиња,…)

Чувајте ги коцките во фрижидер и нема потреба да се грижите за рокот на употреба, бидејќи може да траат и до неколку недели.