Највкусното цвекло е – печено цвекло

4.673

Убавото во врска со цвеклото, освен што е здраво, е и тоа што кога ќе го испечете и ќе направите салата можете да ја ставите во фрижидер и да ја јадете неколку дена по ред.

Печеното цвекло е одлично јадење кое можете да го јадете како салата, како додаток во оброците или да го зачувате „за подоцна“. Иако цвеклото може да се јаде сирово, кога ќе се испече, освен што е помеко, добива и еден сосема поинаков вкус. Убавото во врска со цвеклото, освен што е здраво, е и тоа што кога ќе го испечете и ќе направите салата можете да ја ставите во фрижидер и да ја јадете неколку дена по ред. Искрено, повкусна е следниот ден, па дури и 2-3 дена потоа.

Еве кој е најлесниот начин да го испечете цвеклото.

Измијте ги главиците и избоцкајте ги со нож или со вилушка на неколку места, а потоа секоја посебно завиткајте ја во фолија.

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Завитканото цвекло ставете го во тепсија и печете 50-60 минути, во зависност од големината на главиците.
Цвеклото е готово кога со вилушка лесно ќе го боцнете. Оставете го малку да се излади, а потоа излупете го.

Печеното цвекло можете да го јадете како салата. Слободно измешајте го со свеж магдонос и зачинете го со маслиново масло и сок од лимон, сол и ким. Ако не јадете магдонос, ставете копар.