Намаз од тиква

Фото: Pexels
159

Ако сте љубител на тиква па често ја јадете печена, или правите крем супи или пити со тиква, тогаш е време да го испробате и овој вегетаријански намаз од тиква

Состојки:

1 помала (Хокаидо) тиква или некоја друга
2 лажички масло
30 гр ѓумбир
6 лажички кокосово млеко
прстофат сол
прстофат чили
прстофат црн пипер
малку мед

Приготвување:

Исечете ја тиквата на половина и исчистете ја. Исечете ја на парчиња, додадете масло, сол и чили.
Наредете ја зачинетата тиква на хартија за печење и печете околу 20 минути во загреана рерна на 230°С.
Излупете го и изрендајте го ѓумбирот. Измешајте ги со миксер или во блендер печената тиква, ѓумбирот и кокосовото млеко.
Додадете малку мед и црн пипер по желба. Послужете го намазот разладен со крекери или леб од интегрално брашно.