Наместо секира, тартуфи во мед: Кога ќе ви се посреќи да најдете барем една скапоцена печурка

505

Обично за некој кој имал среќа за нешто, велиме „му падна секирата во мед“, но кога ќе ја видите среќата на трагачите по тартуфи кога нивните вредни кучиња ќе ископаат некоја скапоцена печурка, си велиме, да ја смениме реченицата во „му паднале тартуфи во мед“… А потоа гледаме дека тие навистина го направиле тоа – спакувале нов производ полн со здравје, природен мед со тартуфи

Тартуфите се најценетите и најскапи печурки на светот и за нив и за нивните лековити својства луѓето знаат многу одамна. Кај нас, дури од неодамна. Заради високата цена се продаваат мерени на грамови или спакувани во различни деликатеси со тартуфи.

Но, како и да е, факт е дека и најобичното јадење се претвора во вистински деликатес кога во него ќе се додаде тартуф, дури и во најминимална количина.

Купувајте производи само од луѓе од доверба

Сепак, наместо во маркетите и од непроверени и непознати производители, најдобро е, како и за сѐ друго, да си имате свој сигурен снабдувач, поточно, некој кој е директно вклучен во наоѓањето на тартуфи, кој е и самиот производител на деликатеси со тартуфи и за кој знаете дека ги подготвува токму со оние состојки кои се напишани на етикетата, без вештачки додатоци со арома на тартуф.

Кај нас (можеби и за среќа), тартуфарството сѐ уште не е многу распространето, а едни од првите

кои почнаа да се занимаваат со ова и за чии производи со сигурност знаеме дека кога јадеме

нешто со тартуфи тоа е навистина со тартуфи, се нашата соговорничка Валентина Митрова и

нејзиниот сопруг Тони чии производи од тартуфи се продаваат под брендот „Туф“.

Поточно, Тони е „виновен“ затоа што тартуфите влегле во нивниот дом, а Валентина за сите оние

комбинации кои ги прави со нив и ги пакува во вистински деликатеси: сол со тартуфи, масло со

тартуфи, намази со тартуфи, сушени тартуфи, карпачо од тартуфи, различни слатка со додадени

тартуфи, а од неодамна и еден нов производ, оној во кој тартуфот е спарен со уште еден

исклучително здрав производ, а тоа е – медот со тартуфи.

Мед со тартуфи

Токму медот со тартуф е производот кој беше инспирација за овој текст и не натера да

истражиме за сите придобивки од оваа комбинација која се користи не само поради одличниот

вкус, туку и поради здравствените придобивки.

Валентина вели дека медот со тартуфи го направила на барање од една своја пријателка која се

бори со тешка болест и која слушнала за здравствените придобивки од оваа комбинација.

Секако, за овој производ користи и природен мед од сигурен производител. За медот веќе знаеме

дека е богат со антиоксиданти, ензими и природни шеќери. Медот се препорачува и против

воспаленија, а секојдневното консумирање мед поволно влијае врз нивото на антиоксидантните

соединенија во организмот кои можат да се борат против вишокот холестерол.

Истражувањата покажуваат дека антиоксидантите што ги содржи медот можат да спречат

стеснување на артериите. Медот е одличен и за имунитетот, па сега замислете какви придобивки за

организмот ќе има оваа магична комбинација од мед и тартуфи.

Зошто тартуфите се исклучително здрава и посебна храна?

Придобивките од тартуфите се тоа што имаат ниско ниво на масти, но се добар извор на протеини,

витамини Б, Д и Ц. Одлични се и за дијабетичари, го намалуваат нивото на холестерол и ја

одржуваат функцијата на бубрезите. Јадењето тартуфи ги намалува шансите за кардиоваскуларни

болести и мозочен удар.

Според нутриционистите, хранливиот состав на тартуфите, освен со споменатите витамини, е доста

богат и со минерали. Содржи калиум, фосфор, јод, селен, железо, калциум, магнезиум.

Исто така, се вели дека тартуфите ги содржат сите есенцијални амино киселини потребни за здрава

човечка исхрана.

Тартуфите како зачин за сѐ

Токму поради сите овие здравствени придобивки нашата соговорничка Валентина го користи

тартуфот наместо „вегета“, односно, како зачин за сѐ, па дури пие и чај од сув тартуф. Да, таа ги

суши тартуфите за да се осигура дека ако во текот на годината има недостаток од тартуфи, тие сепак

ќе имаат барем суви. Работата е во тоа што кога ќе ги пробате еднаш, потоа веќе не можете да

јадете ништо што ја нема препознатливата арома на тартуфите.

Токму тоа им се случило и на Митрови, чиј дом е исполнет со мирисот на тартуфите, особено кога

Валентина ги подготвува своите специјалитети.

„Кога ќе завршам со сите обврски, најголемо уживање ми е да си седнам и да си ги густирам полека

сите оние убави нешта што ги приготвувам со тартуфите и искрено, веќе толку се навикнав на овие

силни вкусови што ништо без нив ми нема вкус“, се смее таа.

Една од поновите работи кои почнаа да ги прават Митрови е и ловот на тартуфи, гурманска авантуристичка тура чии учесници, придружувани од обучени, професионални кучиња трагачи раководени од Тони Митров, ќе имаат можност да ја доживеат одблизу онаа возбуда и среќа од наоѓањето тартуфи и да се запознаат со светот на тартуфот од прва рака.

Секако, учесниците на крајот си го земаат со себе тартуфот што успеале да го најдат со помош на своите водичи и нивните кучиња-трагачи од расата Лагото.

Како уште црните тартуфи влијаат на нашето здравје?

Високо ниво на витамин Ц

Овие „црни дијаманти“ се богати со витамин Ц, кој ни помага да останеме здрави. Токму затоа

тартуфите придонесуваат за добро здравје и помагаат да се избегнат какви било болести како

кашлица или треска.

Имунитетот и црните тартуфи

Високата содржина на витамини и минерали во црните тартуфи е добар начин за зајакнување на

имунолошкиот систем. Ова е особено погодно за оние кои сакаат природно да стекнат имунитет и

отпорност на болести.

Богати се со протеини

Друга важна хранлива материја која се наоѓа во црните тартуфи се протеините кои исто така ќе

придонесат за подобро функционирање на организмот, а се добра поддршка и за подобрување на

функцијата на мозокот.

Црните тартуфи во борбата против дијабетесот

Бидејќи црните тартуфи содржат ниски нивоа на гликоза и без шеќер, овој тип на печурки е

погоден за оние со дијабетес. Покрај тоа, има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта со цел

ефикасно да се избегнат симптомите на дијабетес.

Го подобруваат метаболизмот

Влакната што ги содржи црниот тартуф го прават погоден за подобрување на функцијата на

цревата. Овој вид печурки благотворно делува на микрофлората и функцијата на цревата, што го

подобрува дигестивниот систем и доведува до полесно варење.

Регенерација на кожата

Витаминот Б3 присутен во составот на црните тартуфи е одговорен за нормална регенерација на

епидермисот. Црните тартуфи се користат дури и за правење козметика, со оглед на тоа што

доведуваат до ефекти како што се подмладување на кожата и производство на колаген и еластин.

Црните тартуфи како лек за импотенција

Најважното својство на црниот тартуф е неговото влијание врз човечкиот репродуктивен систем.

Се верува дека неговата употреба во исхраната лечи импотенција кај мажите и ги зголемува

шансите жената да забремени.

Гастрономски квалитети на тартуфите

Производите од тартуфи може да се користат и за солени и за слатки јадења. За тестенини, за

рижото или за ладни предјадења, со мезе, пршут и сирења. Слатките намази како слатко од лути

пиперчиња со тартуф, слатко од портокал или она од тиква и мандарина со тартуф, се неодоливи.

А маслиновото масло и солта со црни тартуфи им даваат посебен вкус на салатите.

„Туф“ имаат широк спектар на премиум производи со тартуфи, меѓу кои, освен споменатите, се и намазот од маслинки со црни тартуфи, како и најновиот и најпродаван производ на пазарот – карпачо, односно, листови од тартуфи во маслиново масло.