Напиток од кефир и портокал ги „чисти“ цревата и спречува надуеност

Фото: Pexels
381

Кефирот содржи околу 12 активни пробиотски соеви, а кога јадеме храна богата со пробиотици како кефир, додаваме повеќе добри бактерии во цревата.

Кефирот е ферментиран млечен напиток и како и другите намирници кои содржат пробиотици (добри бактерии) и постбиотици (нуспроизводи на бактериите), кефирот го подобрува здравјето на цревата и обезбедува низа други здравствени придобивки. Нутритивните придобивки од кефирот варираат во зависност од видот на млекото што го содржи и процесот на ферментација. Но, генерално, кефирот е подобар од јогуртот бидејќи содржи повеќе соеви на пробиотици и корисен квасец.

Исто така, кефирот има малку лактоза (млечен шеќер), па дури и луѓето со нетолеранција на лактоза обично можат да го пијат без проблеми.

Зошто кефирот се смета за суперхрана?

Кефирот се смета за суперхрана бидејќи е преполн со витамини, минерали и хранливи материи, вклучувајќи:

Калциум

Магнезиум

Протеини

Рибофлавин (витамин Б2)

Витамин Б12

Витамин Д.

Покрај хранливите состојки, овој млечен напиток има 6 важни здравствени придобивки – го промовира здравјето на цревата, ги одржува коските цврсти, се бори против бактериите, ги одржува мускулите здрави, помага во контрола на шеќерот во крвта и го ублажува стресот.

Имајќи предвид дека е добар за дигестивниот тракт и го подобрува варењето, кефирот често се користи за чистење на цревата.

Дигестивниот тракт е дом на цел свет на микроорганизми (микробиоми) кои вклучуваат бактерии, габи и вируси. Некои од нив се штетни, додека други се корисни, помагаат во варењето и создаваат супстанции потребни на нашиот организам.

Ако лошите бактерии почнат да се размножуваат и да се шират, тие го исфрлаат микробиомот од рамнотежа, предизвикувајќи стомачни болки, надуеност, запек, дијареа, гасови…

Кефирот содржи околу 12 активни пробиотски соеви. Кога јадеме храна богата со пробиотици и постбиотици како кефир, таа додава повеќе добри бактерии во цревата. Тие ги контролираат штетните бактерии и го подобруваат здравјето на цревата.

Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање кефир позитивно ја менува рамнотежата на организмите во микробиомот, намалувајќи ги симптомите на воспалителна болест на цревата, како и ослободување од хроничен запек.

Напиток направен од кефир и цитрусно овошје за чистење на цревата

Домашниот напиток од кефир и портокал е полн со состојки кои го стимулираат варењето, спречуваат надуеност и ги чистат цревата. Кефирот обично се конзумира со бројни додатоци, како на пример ленено семе, но ефикасен напиток можете да направите и со додавање на овошје, т.е. портокали. Ова цитрусно овошје содржи пектин, еден од најдобрите видови пребиотски влакна, кој помага во снабдувањето со пробиотици.

Лажица ленено семе му дава на овој пијалак совршена текстура и додава растворливи влакна, додека ѓумбирот го стимулира варењето.

Состојки:

1 чаша обичен кефир со малку маснотии

1 лажичка ленено семе

1 портокал, излупен, исечкан на коцки

парче ѓумбир или 1/4 лажичка, можете да користите и ѓумбир во прав

1 лажичка мед

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во блендер и испијте го напитокот.