Напиток од само три состојки како инстант решение за болно грло

Фото: Freepik
332

Само неколку минути и состојките што ги имате во кујната ќе бидат доволни за да го спречат воспалението на грлото да земе замав.

Повеќето респираторни заболувања како последица имаат болно и воспалено грло. Често и пред да се појават (а често и потоа) симптоми како што се треска, главоболка и болки во телото, грлото продолжува да гребе.

Има многу совети за иритирано грло кои вклучуваат мед, чаеви, пастили за грло, гаргарање разни билки, соли… Но, уште еден нема да штети.

Нутриционистката Мети Харингтон на Тик Ток го сподели својот пијалак за зајакнување на имунитетот кој помага да се смират болките во грлото. Нејзиниот канал @nutritiouslyeasy има 587.000 следбеници.

Пред некое утро се разбудив со болки во грлото, не целосно болна, но грлото дефинитивно ме гребеше. „За среќа, бев кај моите родители и мајка ми ми рече да го направам овој мал велнес пијалак, чија клучна состојка е каранфилчето“, изјавила Мети.

Во видеото таа споделува инструкции како да се направи овој едноставен, но ефикасен напиток, за кој се потребни само три состојки, за да се ослободите од болното грло:

2-3 цм ѓумбир исечкајте ги на парчиња и ставете во шолја
додадете стапче цимет
ставете четири до шест каранфилчиња
додадете топла вода и оставете да отстои 10 минути
процедете го пијалакот
Каранфилчињата се ултимативен зајакнувач на имунитетот и имаат антивирусно дејство. Не се шегувам, еден час подоцна веќе воопшто не чувствував гребење во грлото, рекла Мети.

Многу луѓе оставија коментари под видеото велејќи дека овој напиток брзо им помогнал.

Каранфилчето содржи еугенол, кој е ефикасен против штетни бактерии, габи и вируси. Дејствуваат антигабично, антисептично и како аналгетик. Каранфилчето содржи и витамин Ц, витамин К, манган и диетални влакна.