Здрав ручек за 10 минути: Имаме шест едноставни, брзи, но избалансирани рецепти

Фото: Pexels
2.402

Не, не мора да значи дека она што се прави набрзина, не е здраво. Напротив, имаме неколку рецепти кои се и здрави и брзи и одлични ако ви здодеа долго да готвите или да нарачувате храна

Брзото темпо на живот не тера на пронаоѓање што е можно поедноставни решенија, како и на што поголема заштеда на време и енергија. Инстант решенијата се особено привлечни бидејќи се чини дека можеме веднаш да задоволиме некои од нашите потреби.

Така е и со оброците. Пекари, брза храна, достава, автомати со грицки и слично нудат веднаш да ја задоволиме гладта што ја чувствуваме, без да мора да се потрудиме околу подготвувањето на храната.

Ваквите решенија се совршено добри во исклучителни ситуации, на пример на пат. Сепак, овој начин на конзумирање на храна секојдневно, може да биде штетен за нашето здравје на долг рок. Кој има енергија да готви после работа?

Меѓутоа, вообичаена заблуда е дека здравата исхрана бара многу време поминато во кујната. Всушност важи спротивното.
Здравата исхрана не се само чорби за кои е потребен најмалку еден час, туку брзи и урамнотежени оброци кои навистина можат да бидат готови за 10 минути.

Оброци за 10 минути – рецепти

Донесуваме неколку рецепти со кои ручекот ќе ви стане рутина за 10 минути, особено кога ќе видите дека не мора да биде кулинарска авантура или нешто со непознати состојки. Доволно е да ги комбинирате макронутриентите за избалансиран оброк и да не заборавите на зеленчукот.

Тортилја
Еден од најбрзите начини за подготовка на здрав оброк е тортиљата. Иако можете сами да ги печете дома, пченкарните или оние од интегрално брашно купени во продавница ќе завршат работа.

Состојки:
2 интегрални тортиљи
2 варени јајца
неколку топчиња моцарела
половина авокадо (исечено на коцки)
1 црвена пиперка (исечкана на ленти)
1 домат (исечен на коцки)
сол
црн пипер
Грчки јогурт.

Приготвување:
Во сад измешајте ги сите состојки, се разбира, освен тортилјата.
Загрејте ги тортилјите, па наполнете ги со измешаните состојки и свиткајте како фишек.

Тост со лосос и спанаќ
Чадениот лосос е идеален за ручек или вечера, богат со омега-3 масни киселини и протеини. За 10 минути ќе имате вкусен и здрав оброк.

Состојки:
2 парчиња интегрален тост
100 гр чаден лосос
половина главица црвен кромид (сечкан)
1 шолја спанаќ
1 лажица кисела павлака
сол
црн пипер
сок од половина лимон
1 лажичка маслиново масло.

Приготвување:
На загреано маслиново масло кратко продинстајте го кромидот, а потоа додадете го спанаќот и динстајте додека не овене, па зачинете го.
Потпечете го лебот на тост и ставете прво павлака, па слој кромид и спанаќ и на крај лосос.
Одозгора исцедете малку лимон.

Салата со фета сирење
Фета сирењето е многу намирница која лесно можеме да ја додадеме во брзите оброци како тортилји или салати. Оваа вкусна салата ќе биде идеална за ручек и вториот ден, па ако сакате направете двојна порција.

Состојки:
50 гр фета сирење (сечкано на коцки)
1 шолја рукола
половина црвена пиперка (исечена на коцки)
половина чаша шери домати (преполовени)
половина чаша конзервиран наут (исплакнат и исцеден)
половина чаша конзервирана пченка
црн пипер
сол
половина лажичка оригано.
Состојки за прелив:
1 лажичка маслиново масло
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка мед
1 лажичка магдонос (свежо сечкан).

Приготвување:
Во помал сад измешајте ги сите состојки за преливот и оставете ги настрана.
Во сад измешајте ги сите состојки за салатата.
Прелијте ја салатата со преливот и послужете дополнително со тост.

Веганска тофу салата
Тофу е богат со немасни протеини, доаѓа во различни верзии, од мариниран до чаден. Чаденото тофу е идеално за оброк – салата, кој во комбинација со житарки, зеленчук и семки ќе биде врвен оброк за ручек или вечера.

Состојки:
1 чаша чадени коцки тофу
1 шолја кускус
половина зелена пиперка (исечена на коцки)
половина главица црвен кромид (се сече на прстени)
1 лажичка семки од сончоглед
1 лажичка масло од тиква
црн пипер
сол
половина лажичка сув босилек.

Приготвување:
Измешајте тофу и зеленчук во еден сад, па зачинете, истурете масло од тиква и добро измешајте.

Кајгана со зеленчук
Кога станува збор за оброк за 10 минути, јајцата се нутритивно богата храна, а кој не сака да јаде јајца со зеленчук. Додадете парче од омилениот леб и уживајте во јадењето.

Состојки:
3 јајца
1 лажичка сечкан магдонос
1 чешне лук (исечкано)
половина главица црвен кромид (сечкан)
половина чаша рендани тиквички
црн пипер
сол
половина лажичка мешавина од медитерански зачини
1 лажичка маслиново масло.

Приготвување:
Во сад се матат јајцата и се додаваат ренданите тиквички и магдоносот.
На маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот, а потоа прелијте ги со јајцата.
Зачинете и послужете со парче леб или тост.

Тестенини со лешници
Оваа комбинација звучи необично, но дајте ѝ шанса.

Состојки:
60 гр интегрални шпагети
15 гр сечкани лешници (непржени и несолени)
1 лажичка маслиново масло
1 шолја спанаќ
1 чешне лук (исечкано)
црн пипер
сол
1 лажица пармезан.

Приготвување:
Сварете ги тестенините според упатството.
Лешниците лесно пропржете ги во тава и оставете ги настрана.
Потоа на загреано маслиново масло продинстајте го лукот, а потоа додадете го спанаќот и динстајте додека не овене.
Во лукот и спанаќот додадете ги шпагетите, измешајте, зачинете и повторно измешајте.
Послужете ги шпагетите во чинија и поросете ги со лешници и пармезан.