Направете џем од вишни, без трошка шеќер

Фото: Pexels
680

Сосема природен, без трошка шеќер и совршено вкусен. Овој домашен џем е одличен со палачинки, ванилици, чизкејк…

Замислете колку е убаво кога во зима ќе си направите палачинки и ќе „крцнете“ тегла со џемот од вишни што сте го направиле самите. Можеби изгледа комплицирано, но подготовката е едноставна и ви предлагаме да ја направите токму оваа, без шеќер. Особено ако сакате џем, но и внимавате на исхраната. За природен домашен џем ви треба само овошје.

Состојки:
1 кг вишни

Приготвување:
Прво исчистете ги и измијте ги вишните, па ставете ги во тенџере и почнете да ги варите. Одвреме-навреме мешајте, па по половина час тргнете ги од шпоретот и измелете ги со миксер. Потоа повторно ставете ги на шпорет и варете уште 30 минути. Добиениот џем истурете го во стерилизирани тегли.