Научниците развиваат вакцина за висок холестерол

Фото: Pexels
431

Новата вакцина во развој го таргетира лошиот холестерол и нуди нова надеж за намалување на кардиоваскуларните болести на достапен и ефикасен начин.

Во тек е нова вакцина која нуди потенцијално решение за широко распространетиот проблем со високиот холестерол, кој погодува речиси 40 отсто од возрасните Американци. Таа иновативна вакцина, која моментално се развива, го таргетира лошиот холестерол, особено липопротеинот со ниска густина (LDL), за кој е познато дека предизвикува затнување на артериите и го зголемува ризикот од мозочен удар, пишува Zimo.

Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Ново Мексико и Универзитетот во Калифорнија, вакцината цели на клучниот протеин, протеин конвертаза субтилизин/кексин тип 9 (PCSK9), поврзан со LDL. Истражувањето е објавено во списанието „NPJ Vaccines“.

Вакцината се заснова на неинфективна вирусна честичка, само на вирусна обвивка, која може да се користи за развој на вакцини против различни проблеми, објаснува молекуларниот генетичар Брајс Чекеријан.

Специјалните рецептори на црниот дроб го регулираат нивото на LDL, но вишокот PCSK9 може да ги инхибира овие рецептори, дозволувајќи повеќе лош холестерол во крвотокот. Со комбинирање на мали парчиња PCSK9 со неинфективна вирусна честичка, научниците предизвикале имунолошки одговор кој го неутрализирал наведениот штетен протеин.

Поевтина и широко применлива алтернатива
Резултатите од тестовите на глувци и мајмуни ја покажале способноста на вакцината да го намали лошиот холестерол во крвта и до 30 отсто. За разлика од сегашните PCSK9 инхибитори, новото решение нуди споредлива ефикасност, со потенцијално пониска цена. Чекериан ја нагласува целта за развој на овој нов пристап, кој е поевтин и пошироко применлив.

Додека вакцината подготвена за луѓе е сè уште далеку, ветувачките резултати досега даваат надеж за поприфатлива алтернатива, која трае околу една година по доза.

Научниците се оптимисти за потенцијалното влијание врз речиси 18 милиони животи кои годишно се губат поради кардиоваскуларни болести.

Се надеваме дека ќе имаме вакцина кај луѓето во следните 10 години, вели Чекериан, признавајќи дека пред нас е обемна временска рамка за евентуалното воведување на таа нова вакцина.

Со повеќе од една деценија развој зад себе, следната фаза на истражување вклучува испитувања на луѓе, кои пак бараат дополнително истражување и финансирање за потенцијална револуција во кардиоваскуларното здравје