Зошто е подобро да користите дрвени, отколку метални или пластични лажици за готвење?

Фото: Pexels
237

Металниот прибор може да ги оштети садовите и тавите, како и да го изгребе заштитниот слој на садот и тој да се измеша со храната која ќе ја конзумирате

Дрвото е порозно и ја задржува водата, па луѓето мислат дека таму се размножуваат бактерии.

Сепак, дрвото има уникатни антибактериски својства. Тоа не значи дека воопшто не содржи бактерии, туку дека си бара соодветни методи за чистење. Факт е дека бактериите побавно се размножуваат на дрвените површини.

Понатаму, киселата храна како што се доматите или оцетот може да го оштетат металниот прибор па кога тој ќе дојде во контакт со кисела храна, таа може да го промени својот вкус и да добие метална арома. За разлика од тоа, дрвените лажици воопшто не реагираат.

Исто така, металот е одличен спроводник на топлина, што не е добро за храната. Металните лажици можат да ја променат температурата на храната. Бидејќи металниот прибор апсорбира топлина, може да предизвика изгореници или да го направи непријатно мешањето на храната. Пластичните садови, пак, се топат на високи температури, па затоа мора да внимавате да не ги оставите во тенџерето додека е на оган.

Металниот прибор може да ги оштети садовите и тавите, како и да го изгребе заштитниот слој на садот и тој да се измеша со храната која ќе ја конзумирате. Покрај тоа, металниот прибор може да ги изгребе нерѓосувачките садови, што потоа ќе предизвика рѓосување. Дрвениот прибор е помалку крут и многу понежен за тенџерињата и тавите.

И на крај, дрвените лажици се направени од цврсто парче дрво и траат многу подолго од пластичните или металните кои се составени од повеќе делови. Помала е веројатноста да се скршат или да се распаднат, а ако добро се грижите за нив, може да траат со години.