Не ја фрлајте кората од краставица, еве за што можете да ја користите

Фото: Unsplash
684

Голем дел од она што ја прави краставицата хранлива се наоѓа токму во кората.

Една голема, неизлупена краставица содржи 62 отсто од препорачаниот дневен внес на витамин К. Тој е потребен за активирање на некои протеини вклучени во процесите на згрутчување на крвта, а не е занемарлива ниту неговата улога во метаболизмот на коските и другите ткива.
Имено, голем дел од она што ја прави краставицата хранлива се наоѓа токму во кората.

Исто така, големата краставица без отстранета кожа содржи 6 отсто од дневната вредност на витамин А и 14 отсто од дневната вредност на витамин Ц, што всушност значи дека е одличен сојузник во одржувањето на здравјето на имунолошкиот систем.

Од него можете да добиете и дневна доза на витамини од групата Б, како и тиамин, рибофлавин, Б6 итн. кои го снабдуваат телото со енергија потребна за функционирање на срцето и мозокот.
Кората од краставица е добра и во исхраната, но мора да се погрижиме да биде добро измиена.
Ако, сепак, преферирате излупени краставици, треба да знаете дека кората не мора да ја фрлате, туку можете да ја изрендате и да ја измешате со сирење, сенф и друг зеленчук.

Дополнително, доколку имате деца, добро ќе ви дојде трикот со кора од краставица за да ја отстраните трагата од боици или од фломастери од ѕидот.

Она што треба да го направите е да ја истриете валканата површина со надворешната страна на лушпата.