Не треба да се загрева вода во микробранова печка! Листа од намирници и садови кои не се соодветни за овој кујнски апарат

Фото: Pexels
152

На листата на намирници кои не треба да се греат во микробранова печка, се нашле неколку кои луѓето ги греат речиси секојдневно, а меѓу нив е и водата.

Микробрановите печки, како апарати за домаќинство, почнаа да се појавуваат во домаќинствата во 1960-тите. Тие се дизајнирани за брзо загревање на храна и течности со помош на микробранови, кои се електромагнетни бранови со висока фреквенција. Микробрановата печка е навистина чудо на модерната технологија која овозможува брзо и лесно загревање на храната за само неколку секунди.

Сепак, важно е да се има предвид дека постојат одредени намирници, пијалаци и садови кои не се соодветни за употреба во микробранова печка, бидејќи можат да предизвикаат разни проблеми, па дури и опасности. Покрај тоа што не ставате ништо метално во микробранова печка, се препорачува и да избегнувате да загревате одредени намирници.

На листата на намирници кои не треба да се греат во микробранова печка, се нашле неколку кои луѓето ги греат речиси секојдневно, а меѓу нив е и водата.

Внимавајте на листата
Остатоци од компири: компирот често може да содржи бактерија Clostridium botulinum, која може да се развие кога компирот нема да се олади веднаш по готвењето. Загревањето на компирот во микробранова печка нема да ги уништи овие бактерии, што може да доведе до дигестивни проблеми. Затоа, важно е зготвената храна од компир да се стави во фрижидер веднаш откако ќе се излади.
Преработено месо: Преработеното месо како сланина, виршли и колбаси не треба да се загреваат во микробранова печка, бидејќи тоа може да резултира со формирање на штетни соединенија поврзани со срцеви заболувања и воспаление на артериите.

Лути пиперки: Со загревање на лутите пиперки во микробранова печка, капсаицинот кој ѝ ја дава лутината на пиперката испарува, што може да ги иритира респираторните патишта и очите кога ќе се отвори вратата од микробрановата печка.

Метал – никако
Храна во садови од стиропор: Садовите од стиропор што се користат за пакување храна може да испуштаат штетни хемикалии кога се загреваат во микробранова печка, па затоа е препорачливо храната да се префрли од садовите од стиропор во садови кои се безбедни за употреба во микробранова печка.

Садови со метални рачки: Користењето садови со метални рачки или направени од метал во микробранова печка може да предизвика искри, па дури и пожар. Секогаш проверувајте дали садовите се безбедни за микробранова печка.

Шолјички со вода: Загревањето на водата во микробранова печка може да предизвика прегревање на водата, што може да резултира со меурчиња кои можат брзо да се формираат кога ќе се додаде чај или кафе, а во ретки случаи дури и да експлодираат. Во ретки случаи, водата загреана во микробранова печка може да доведе до формирање на „прегреана“ вода, која е стабилна иако е над точката на вриење. Додавањето на кој било предмет во таквата вода, како чај или лажица, може да предизвика водата да зоврие ненадејно или дури да експлодира од садот, што потоа може да ве повреди. Затоа, подобро е да си загреете вода на шпоретот.