Пуканките се моќен извор на хранливи материи: Потврдено е дека содржат најмногу антиоксиданти, но само ако се направени вака

Фото: Pexels
4.072

Пуканките се единствената закуска која се состои од сто проценти непреработени цели зрна, а во исто време содржат големи количини полифеноли, органски соединенија кои имаат силна антиоксидантна активност. Сепак, купените во кино нема да ги имаат истите хранливи својства како оние што сами ги правите дома, предупредуваат научниците

Пуканките се моќен извор на хранливи материи поради високата концентрација на полифеноли, ова го потврдија истражувањата на американските научници. Повеќето свежи производи содржат околу 90 проценти вода, што ја разредува оваа посебна класа на антиоксиданти, а пуканките содржат само четири проценти вода, рекол нутриционистот Џо Винсон на 243-от национален собир на Американското хемиско друштво.

Студијата покажала дека количината на полифеноли во пуканките е дури 300 мг по порција. За споредба, во една варена пченка шеќерец има 114 мг полифеноли, а околу 160 мг во самиот плод, бидејќи лаички кажано, ги јаде водата. Една порција пуканки обезбедува околу 13 отсто од просечниот дневен внес на полифеноли по лице во САД, покажала студијата.

„Пуканките би можеле да бидат совршена закуска. Тоа е единствената закуска која се состои од 100 проценти непреработени цели зрна. Сите други житарки се преработени и разредени со други состојки. Една порција пуканки ќе обезбеди повеќе од 70 отсто од дневниот внес на цели зрна, а просечен човек консумира само половина од препорачаната доза на цели зрна дневно, па пуканките се покажаа како одлична опција“, вели Винсон.

Сепак, треба да обрнете внимание на типот на пуканки. Купените во кино нема да ги имаат истите хранливи својства како оние што сами ги правите дома, предупредува научникот. Сличен проблем е и со оние од микробранова печка, бидејќи доаѓаат со обилни количини путер, шеќер и сируп од пченка, кои можат да имаат ист број калории како и пицата.

Пуканките во микробранова печка имаат околу 43 проценти масти, заедно со другите наведени состојки. Во однос на калориите, најдобри се оние што се пржат на воздух, на пример во фритеза на топол воздух. Домашните пржени на масло во тава се на второ место по калории, но тоа зависи од видот и количината на маслото во кое се пржат. Треба да внимавате и на количината на сол.