Нешто помеѓу карфиол и брокула: Шенон, зеленчук кој изгледа како од друга планета

765

Преку бројни анализи на онтогенетските и морфолошките карактеристики на сортата Шенон, било утврдено дека овој интересен зеленчук е всушност еден вид карфиол, а не брокула. Така, сортата со светло зелени, пирамидални цветови го вбројуваме во посебен вид карфиол – Романеско.

Карфиолот е популарен диететски зеленчук од групата на зелки, богат со витамини, минерали и фитонутриенти. Иако потрошувачите претпочитаат карфиол со бели цветови, во последните години на пазарот се појавуваат обоени сорти (портокалови, зелени, жолти и розови цветови), кои се разликуваат по хранливата вредност. Потрошувачите сѐ повеќе се заинтересирани за „новиот“ зеленчук од групата на зелки, светло-зелениот цвет со необична форма познат како шенон.
Шенон всушност е резултат на вкрстување на две сорти во рамките на видот Brassica oleracea: брокула (B. oleracea var. italica; англиски broccoli) и карфиол (B. oleracea var. botrytis; англиски cauliflower) на што укажува со англиското име „broccoflower“.

Шенон има сладок вкус, што го прави прифатлив при подготовката на храна за деца. Преку бројни анализи на онтогенетските и морфолошките карактеристики на сортата Шенон, било утврдено дека овој интересен зеленчук е всушност еден вид карфиол, а не брокула. Така, сортата со светло зелени, пирамидални цветови го вбројуваме во посебен вид карфиол – Романеско. Во споредба со белоцветниот карфиол, шенонот се издвојува со повисоки вредности на витамин Ц, каротеноиди, полифеноли и висока антиоксидантна активност поради присуството на растителни пигменти.

Имено, растителните пигменти се важни за човечкото тело бидејќи делуваат како природни антиоксиданти бидејќи ги неутрализираат слободните радикали и го зачувуваат интегритетот на клетките, спречувајќи оштетување на клеточното ткиво.

Шенонот се издвојува и по високите вредности на глукозинолати, кои играат доминантна улога во антиканцерогената активност во човечкиот организам, а за да се зачува неговата хранлива и здравствена вредност, се препорачува колку што е можно пократка термичка обработка.