Нивниот недостаток предизвикува желба за храна, замор, губење на косата и мускулите

Фото: Pexels
446

Без нив, мускулите, органите и крвотокот не можат да функционираат правилно

Трите главни хранливи материи – јаглените хидрати, мастите и протеините – се исклучително важни за функционално тело. Доколку нивниот внес е премал, последиците ќе се рефлектираат на метаболизмот и на нашите органи. Од тие три главни групи на хранливи материи, протеините најчесто се потценети, а без нив мускулите, органите и крвотокот не можат добро да функционираат.

Многумина несвесно консумираат премалку протеини, а за жал телото нема аларм за да предупреди на недостатокот. Сепак, некои знаци можат да ни помогнат да го препознаеме недостатокот на протеини.

Желба за храна

Ако има недостаток на протеини, на телото му е тешко да одржува стабилно ниво на шеќер во крвта. Постојат силни луктуации кои предизвикуваат желба за храна, желбата за слатки исто така се зголемува бидејќи телото сега сака сѐ повеќе шеќери и протеини за да го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

Задржување на вода

На телото му се потребни протеини за да ја задржи водата во крвните жили. Доколку ги нема, водата оди од крвните жили во ткивото, што пак може да доведе до отекување, па дури и до дебелеење.

Мускулите исчезнуваат

Со низок внес на протеини, телото ги зема од мускулите. Затоа тие се намалуваат, што резултира со тоа нашето тело да стане послабо и побавно.

Постојан замор и лошо расположение

Поради слабеењето на мускулите се чувствуваме уморни и нерасположени. Телото е толку зафатено со компензирање на недостатокот на протеини што му треба повеќе енергија од вообичаеното. Покрај тоа, хормонот на среќата серотонин се создава од аминокиселини кои вообичаено ги обезбедуваат протеините.

Оштетена коса, кожа и нокти

Протеините се главната компонента на косата – тие сочинуваат дури 90 проценти од косата. Ако недостасуваат, косата станува тенка и опаѓа. Кожата исто така страда од премалку протеини и станува сува и лушпеста. Тука се и кршливите нокти кои се лупат и пукаат.

Што можете да направите

Внимавајте на исхраната. Дневно се препорачуваат околу два грама протеини по килограм телесна тежина. На пример, едно јајце има 15 грама протеини, а ги има и во сирењето и месото. Сепак, изберете ги оние со помалку маснотии бидејќи тие можат да ја попречат апсорпцијата на протеините.