Одличен и вкусен ќебап со црвена леќа (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб/Food Impromptu
704

Можеби не сакате да јадете леќа во форма на чорба, но кога станува збор за вака подготвената леќа, според рецептот на јутјуб каналот Food Impromptu, вашето мислење сигурно ќе се промени.


Ќебапите од црвена леќа се вкусни, лесни за подготовка, полни со зеленчук, протеини и влакна. Можете да ги послужите самостојно со салата или да ги додадете во сендвичи или во тортилји.

Ќебапи од црвена леќа – Рецепт
Состојки:

1 чаша црвена леќа (200 г) (потопена во вода 20-25 минути)
2,5 цм корен од ѓумбир (грубо сецкан)
4 чешниња лук (грубо сецкани)
1 чаша листови од магдонос или коријандер
1/2 шолја бадемово брашно (50 гр) или цели индиски ореви или презли
сол по вкус
1 до 1/2 лажичка гарам масала во прав (по желба)
1 лажичка кајенски пипер или индиско црвено чили во прав или 2 зелени чили (по избор)
1 лажичка ким во прав
1 лажичка црн пипер во прав
сок од 1 лимета или 1 лимон (по ваш вкус)
1/4 лажичка сода бикарбона
1 лажичка масло за јадење
1 среден кромид (рендан – околу 1 чаша)
1 среден компир (рендан – околу 1 чаша)
1 среден морков (рендан – околу 1 чаша)
1 чаша зелка (рендана / ситно сецкана)
сол по вкус
1/2 чаша масло за пржење
*Можете да користите било кој зеленчук по ваш избор


Приготвување:

Црвената леќа измијте ја, покријте ја со вода и оставете ја да отстои околу 20-25 минути. Потоа исцедете ја и оставете ја во цедалката да се исцеди остатокот.

Во меѓувреме изрендајте 1 среден кромид, 1 среден компир, 1 среден морков и 1 шолја зелка. Можете да користите зеленчук по ваш избор.

Во тава загрејте малку масло, додадете го подготвениот зеленчук, додадете една лажичка сол и пржете додека не испари целата вода, околу 4-5 минути на средно висока температура.

Кога е готово, оставете го на страна да се излади.
Во блендер се ставаат црвената леќа, крупно сечканиот ѓумбир, крупно сечканиот лук, крупно сечканиот магдонос, бадеми или индиски оревчиња (ако немате, ставете презли) и една лажичка сол.

Леќата сама по себе нема особено интензивен вкус, па додаваме зачини.

Добиената смеса од леќа префрлете ја во сад и во неа додадете го пржениот и изладен зеленчук. Можете да додадете 1/4 лажичка сода бикарбона. Сè убаво измешајте додека не добиете фина смеса.
Сега можете да почнете да ги обликувате ќебапите.

Ставете малку масло на рацете за да не се залепи смесата за рацете и полесно да ги обликувате.

Од оваа количина можете да добиете 29-30 парчиња. Во тава загрејте растително масло за пржење и кога е доволно жешко почнете да пржите.

Пржете 3-4 минути од двете страни на средна температура.

Можете да го изгледате и видеото подолу.