Oрганските тестенини се хранливи и не ја зголемуваат телесната тежина

124

Во најголема мера тестенините содржат јаглехидрати поради што може да влијаат врз телесната тежина, но нутриционистката Симона Коруновска заедно со dm открива како со нив да се направи здрав и хранлив оброк

Тестенините се брз и едноставен оброк и одличен начин да се заситите кога немате доволно време за готвење. Сами по себе, тестенините, наспроти општото верување, не нè дебелеат.

На тој план, особено се хранливи органските тестенини, кои ги има во неколку видови со интересни нутритивни факти:

– Тестенини од бело органско брашно: богати со јаглехидрати и немаат многу растителни влакна.

– Интегрални органски тестенини: богати со растителни влакна, подолго време ве држат сити.

– Протеински тестенини: одлични и брзи за подготовка, а сепак со потребното количество протеин, и специфичен вкус кој долго време ве држи сити.

Ве интересираат повеќе информации за органските тестенини? Погледнете го целото видео на YouTube каналот на dm!

Симона и dm со вас споделуваат брз, едноставен и лесен рецепт со тестенини од леќа со песто. Погледнете како да го подготвите:

ВИДЕО: Тестенини од леќа со песто – YouTube

Станува збор за брз и здрав оброк, кој го содржи потребното количество протеин. Пестото носи богатство од вкусови и ја прави комбинацијата совршена. Вегански, посен и медитерански оброк. Ова се само неколку причини плус зошто рецептот е здрав:

– Песто: мало количество е доволно за да го трасформира оброкот, содржи билки, јатки и зачини кои помагаат во одредени случаи телото да се бори против вирусите и бактериите.

– Екстра девствено маслиново масло: едно од најздравите со многу калории и многу витамини, дејствува како антиоксиданс и ја штити кожата.

– Леќа: можеби не е еден од најомилените оброци, но дефинитивно е еден од најстарите и најздрави продукти. Богата е со растителни влакна и железо.

– Протеински микс: наменет за грицкање, но може да се употреби и како топинг на супа, салата, брускети.

Сакате да прочитате уште повеќе интересни нутритивни факти и да пронајдете органски и брзи рецепти? Посетете ја веб-страницата на dm!